Зголемен животниот век: Македонците живеат 75 години

Глобалното очекувано траење на животниот век од 1990 година пораснал за повеќе од шест години, благодарение на падот на стапката на смртност од рак и срцеви болести во богатите земји и подоброто преживување од туберколоза и маларија во сиромашните земји.



Во анализите од 2013 година за проектот Global Burden of Disease, стои дека животниот век расте речиси насекаде низ светот, со исклучок на Африка, каде што смртноста од СИДА го намалува за околу 5 години.

- Напредокот во лекување кој го гледаме кај разни болести и повреди е повеќе од добар, но можеме и мораме да направиме нешто уште подобро, изјавил Кристофер Мареј, професор по глобално здравје на универзитет во Вашингтон, кој го водел ова истражување.

Мареј рекол дека постои огромен пораст при колективно делување и финансирања за болестите кои ја зголемуваат смртната стапка, и тоа болестите како што се дијареа, мали сипаници, туберколоза, ХИВ и маларија. Но, исто така додаде и дека некои хронични болести се занемарени и дека им се подигнува важноста како закана по живот, особено при проблеми со дрога, цироза на црниот дроб, дијабетес и болести поврзани со бубрезите.



Овие анализи даваат најсеопфатни и најсвежи прегледи на бројот на смртните случаи од 240 различни примери во 188 земји во рок од 23 години, од 1990 до 2013 година. Последното истражување покажува дека некои сиромашни земји направиле позитивни исклучоци во очекувањата на траењето на животниот век бидејќи луѓето во Непал, Руанда, Етиопија, Нигерија, Малдиви, Источен Тимор и Иран живеат во просек 12 години подолго.

Во Македонија животниот век трае 75 години во просек. Кај мажите е пократок со траење од 72 години, додека жените живеат за 6 години подолго од мажите. Жителите во Монако живеат најдолго и тоа до 89 години просечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби