Кисела зелка - чувар на здравјето

Една стара поговорка вели „оној кој се грижи за здравјето јаде кисела зелка“. Истражувањата постојано го потврдуваат неверојатниот ефект на киселата зелка врз организмот, а со векови се користи како за јадење, така и за олеснување или спречување на здравствени потешкотии.



Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека зелката, по содржината на витамин Ц може да се спореди и со лимонот. Киселата зелка е богата со фитонутриенти, сулфурови соединенија (сулфурофан и изотиоцијанат), кои штитат од рак на желудникот и помагаат во лекување на оштетувања на кожата предизвикани од прекумерно изложување на УВ зраците.

Што уште крие киселата зелка?

Со киселење на зелкаата се создава витаминот Б12, кој му е неопходен на нашиот организам за да може да ги изведува процесите за создавање на црвени крвни зрнца и одржување на оптимално ниво на железо во организмот. Инаку, витаминот Б12 можеме да го најдеме исклучиво во месото, па затоа киселата зелка е скапоцена храна за вегетаријанците.

Лактобактериите се врста на пробиотици кои имаат благотворни својства врз човечкиот организам. Пробиотиците се живи состојки на храната кои имаат поволен ефект врз организмот на оној што ги консумира. Природно се наоѓаат во ферментираните производи. Зачестената консумација на храна со пробиотици, како што е киселата зелка, кои природно се наоѓаат во дигестивниот систем, докажано помагаат при намалување на болката во желудникот, како и за зајакнување на имунолошкиот систем.



За кои здравствени проблеми помага консумацијата на кисела зелка?

Киселата зелка, не само што има исклучителни нутритивни својства, туку и’ се препишуваат и цела низа лековити својства. Еве кои се тие:

  • подобрување на расположението
  • отпорност на стрес
  • помош при создавањето на црвени крвни зрнца
  • подмладува
  • помош при изградување на коските
  • зајакнување на имунитетот
  • зголемување на силата на мускулите
  • придонесува за обнова на истрошеното сврзно ткиво
  • благотворно дејство на органите за варење (желудникот и цревата) и на нивната микрофлора
  • поттикнува излачување на штетните материи од организмот и го чисти и регенерира црниот дроб
  • го намалува зголемениот холестерол, а со тоа има благотворно дејство врз срцето и крвотокот
  • го забрзува зараснувањето на раните
  • позитивно дејство врз функционирањето на мозокот и нервниот систем

Важно е да се нагласи дека термичката обработка на киселата зелка ги уништува корисните лактобактерии кои настануваат при процесот на ферментација, па заради тоа обработката треба да ја сведете на минимум. Се препорачува консумација на киселата зелка во вид на свежа салата, како и пиење на течноста во која отстојува зелката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби