Матичен млеч – вистински еликсир на здравјето

Матичниот млеч е најдрагоцениот природен производ кој го создаваат пчелите во нивните жлезди, од цветниот нектар, а првенствено служи како кралска храна за матицата и ларвите.



Хемискиот состав на матичниот млеч е исклучително сложен и варира зависно од надворешните фактори и состојбата на пчелата. Се состои од 60-70 проценти вода, 12-15 проценти протеини, 10-16 проценти шеќер, 3-6 проценти масти и 2-3 проценти витамини, соли и аминокиселини.

Кремаст и густ како павлака, специфичен мирис и горчлив вкус, матичниот млеч е богата витаминска група на Б витамините, особено витамините Б5 и Б6. Покрај тоа, содржи и витамин А, Ц, Д и Е, потоа минералите калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, силициум и фосфор, како и ензими кои го спречуваат размножувањето на бактерии и вируси. Исто така, матичниот млеч содржи протеини, минерални соли и повеќе од 20 аминокиселини.

Ја зајакнува отпорноста на телото и дава сила

Матичниот млеч спаѓа во посебна категорија на највредни пчелични производи и благодарение на извонредните својства и состав, се користи како елискир за здравје од страна на луѓето веќе илјадници години. Истиот не може да се произведе на индустриски начин бидејќи се собира од матичните клетки на пчелите. Таа густа, млечножолта материја, чиј состав не е дефиниран до крај, содржи посебен вид на незаситена масна киселина, 10-HDA, која во природата постои само во матичниот млеч.

Истражувањата покажуваат дека тој моќен, природен коктел на здрави состојки делува како биостимулатор и моќен антиоксиданс, го стимулира имунолошкиот систем, ја зајакнува отпорноста, психофизичката сила и издржливост на организмот и ја зголемува енергијата.



Нутриционистите велат дека матичниот млеч е и единствениот природен извор на невротрансмиторот ацетиколин во чист облик, кој директно влијае на бројни психофизички функции (контракција на мускулите, стеснување на зениците, зголемување на перисталтиката на цревата, работата на срцето, проширување на крвните садови) и има важна улога во процесите на учење и помнење.

Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта

Во источноазиските земји матичниот млеч стотици години се користи за зачувување на младоста, виталноста и енергијата. Ја подобрува регенерацијата на клетките и ткивата, ги зајакнува коските и ноктите и ја зголемува отпорноста на алергии. Овој драгоцен производ на пчелите го обновува и штити црниот дроб и и го намалува нивото на штетниот холестерол за 14 проценти, како и липидите во крвта до 10 проценти. Истражувањата покажуваат дека редовната консумација на матичниот млеч за 2-11 недели успева да го намали нивото на холестерол во крвта.

Покрај тоа, го стабилизира и крвниот притисок и позитивно влијае на целиот крвоток.

Го забрзува зараснувањето на раните

Ја смирува вознемиреноста и несоницата, па го подобрува расположението, но и помнењето. Благотворно влијае кај заморот, исцрпеноста, загубата на концентрација, стрес, тежок умствен и физички напор, хормонален дисбаланс, воспаление на зглобовите, дијабетес, импотенција и неплодност.

Со терапија со мешавина на матичен млеч, прополис и полен во мед, значајно се намалуваат и менструалните болки, а мешавината делува благотворно и на главоболката, уринарната инконтиненција и вагиналната сувост кај жените кои се во климактериум. Матичниот млеч го подобрува и оздравувањето на раните и зараснувањето на скршениците на коските. Матичниот млеч има и антибиотско, антигабично и антивирусно средство, помага при инфекции на дишните патишта или цревните воспаленија, ја подобрува функцијата на белите дробови и го намалува бројот на асматични напади.

Ја подобрува сексуалната моќ и ги штити коските, кожата и ноктите

Матичниот млеч го зајакнува имунитетот, го поттикнува метаболизмот на клетките и ја зголемува сексуалната моќ. Ја враќа силата и енергијата, ги ревитализира телото и нервниот систем и ја зајакнува концентрацијата. Го забавува процесот на стареење и како моќен антиоксиданс, спаѓа во категоријата на anti-age препарати и природни антибиотици.

Еднакво е корисен како кај децата, така и кај адолесцентите и возрасните. Благодарение на сите квалитети, матичниот млеч влезе во светот на козметиката со посебно, односно медицинско дејство. Тој е важна компонента на бројни козметички производи за заштита на кожата, косата и ноктите. Заради вредните карактеристики некогаш бил привилегија на царевите, а денес би можел да ја носи титулата на ултимативен додаток во исхраната.

Ги ублажува симптомите на менопаузата

Производите кои содржат матичен млеч и цветен полен веќе за 12 дена може да ги намалат симптомите на менопаузата.



Во каква форма може да се набави?

Матичниот млеч можете да го пронајдете во свеж облик, но лесно се расипува заради неговата чувствителност на топлина, светлина и влага, па затоа мора да го чувате во фрижидер, каде може да „преживее“ и до една година. Покрај свежата варијанта, постои и лиофилизиран матичен млеч во прав.

Како се консумира?

При консумација на матичниот млеч мора да внимавате да не го проголтате директно бидејќи така желудочната киселина ја намалува неговата ефикасност.

Матичниот млеч се консумира на паралингвален начин, односно не се голта, туку се става под јазикот и се држи барем една минута, каде ќе се апсорбира преку капиларите и ќе влезе директно во крвотокот.

Иако станува збор за драгоцен лек, луѓето кои се алергични на полен треба да внимаваат при неговата консумација. Најпрво, овие лица треба да се консултираат со лекар бидејќи во спротивно може да дојде до алергиски реакции, вклучувајќи го отекувањето на грлото и астмата, како и крварење на дебелото црево. За почеток, доколку добијат согласност од лекар, овие лица треба да почнат со помали дози и да следат да не се појави алергиска реакција, па потоа постепено да ги зголемуваат дозите.

Матичниот млеч не треба да го консумираат трудници и доилки, како и луѓе кои патат од дерматитис, а внимателни треба да бидат и оние со низок крвен притисок бидејќи истиот дополнително ќе им биде намален.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби