Вежби за справување со болката во вратот и грбот

Професионалната масажа е одличен начин да се справите со вкочанетиот врат и болката во грбот и рамената. Но, не секогаш имате време и пари за да си дозволите да бидете масирани од професионалец.

Физиотерапевтот Надја Перез од Лос Анџелес, во препорачува три едноставни техники на самомасирање кои можат да ви помогнат во вакви ситуации, а се мошне едноставни за практикување.

1.Самомасажа на врат

Оваа техника се препорачува во ситуации кога имате силна болка во вратот и не можете да ја свртите главата на страна. Се што ви е потребно е јога коцка или потврд сунѓер и тениско топче. Во едната раката земете ја коцката, а во другата топчето. Застанете на едно стапало од ѕидот додека левата нога ви е исфрлена наназад. Држете ја коцката наспроти ѕидот, пред своето десно рамо и поставете го топчето помеѓу коцката и свиокот на вашиот врат. Полека притискајте така што ќе го приближите своето тело кон ѕидот. Потоа повторете ја вежбата и на другата страна од вратот.

2.Самомасажа на горниот дел од грбот

Болката во вратот често се поврзува и со болка во грбот. Затоа кога веќе го масирате пределот на вратот, се препорачува да го измасирате грбот без разлика дали чувствувате болка во него или не. Застанете со грбот свртени кон ѕидот. Поставете го тениското топче помеѓу врвот на десното рамо и рбетот и добро потпрете го телото до ѕидот. Со раката правете кружни движења кои ќе им овозможат на внатрешните мускули да се масираат.

3.Истегнување на врат и гради

Постојаното користење на мобилните телефони, компјутерите и неправилното спиење нè принудува да го исфрламе вратот кон напред што пак доведува до вкочанетост и болки во телото. Затоа повремено е потребно да направите истегнување на вратот и грбот. Застанете со рацете поставени зад вашиот грб и подигнете ја главата истегнувајќи го полека целото тело наназад. Притоа не го опуштајте стомакот и држете го рбетот во неутрална позиција. Држете го телото во оваа позиција од 20 до 30 секунди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби