Едноставна навика која Бетовен го направила генијалец

Дали знаете дека прошетката е еден од начините кој ќе ви помогне да ја подобрите вашата креативност и да го унапредите вашиот живот? Тоа го знаел прочуениот композитор Лудвиг ван Бетовен! Имено, после секој ручек тој одел на долга прошетка низ шума. Со себе задолжително носел неколку листови хартија за да ги запишува нотите кои му доаѓале на ум. Сличен метод користеле и неговите колеги, великаните Густав Малер и Бенџамин Бритен.



Научниците од Универзитетот Стенфорд докажале дека прошетката поттикнува креативно размислување, а објаснувањето за ова лежи во неколку факти.

Одењето е најлесниот и најсигурниот пат до добро здравје на телото и духот. Ефектите на пешачењето се: подобро функционирање на организмот, подобра размена на материите помеѓу клетките и поголема апсорпција на кислородот. Телото се релаксира и се враќа изгубената сила, а сонот е поквалитетен и поздрав.

Експертите тврдат дека оваа активност го подобрува квалитетот на животот за 27 проценти. За време на одењето доаѓа до лачење на ендорфин, хормон на среќата и доброто расположение.

Но, пешачењето не го подобрува само здравјето, туку го поттикнува и креативното размислување. Истражувањето објавено во списанието Journal of Experimental Psychology покажа дека прошетката ја поттикнува креативноста и тоа за дури 60 проценти. Пешачењето ни помага да останеме смирени и сконцентрирани и во напнати ситуации.



Бетовен, како и многу други великани, ја користеле прошетката за одмор. По завршувањето на одредена работа пожелно е да отидете на прошетка, со што ја зголемувате веројатноста да дојдете до „еурека момент“, бидејќи креативност се постигнува кога се комбинира напорната работа и анализата на изработеното.

Американските истражувачи откриле дека енергичната прошетка три пати неделно го зголемува делот во мозокот наречен хипокампус, важен дел кој влијае на краткотрајното и долготрајното помнење и анализа на примените информации.

Исто така, бројните истражувања кои се спроведени на постари личности покажале дека прошетката е многу корисна за спречување или забавување на појавата на губење на помнењето или деменција, но и за зачувување на способноста за учење.

Зјапањето во екранот на компјутерот и преокупираноста со работа го блокираат нашето креативно размислување. Наспроти тоа, природата и чистиот воздух му помагаат на нашиот мозок да се одмори.



Познато е дека зелената боја и прошетката во природа моментално ослободуваат од стрес. Истражувањето на Универзитетот Харвард покажало дека луѓето кои редовно пешачат имаат помалку проблеми со пронаоѓањето на рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Тие луѓе подобро го распоредуваат времето и имаат повеќе самодоверба, заради што полесно го пронаоѓаат балансот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби