Знаци дека треба да си го зајакнете имунитетот

Истражувањата покажуваат дека чувствителноста на грипот и настинките може да биде зголемена заради одредени навики како што е количината на шеќер која ја внесуваме или, пак, заради сувоста на носот.

Ви претставуваме неколку знаци кои упатуваат на тоа дека вашиот имунитет е ослабен и дека треба да го зајакнете.

Имате потреба од благо



Прекумерното уживање во слатките нема само да и’ наштети на вашата фигура, туку и на имунолошкиот систем кој потоа нема да може соодветно да ве штити од бактерии и вируси.

Едно истражување покажало дека 100 грама шеќер значајно ја намалуваат способноста на белите крвни зрнца во наредните 5 часа да се борат против бактериите.

Не пиете доволна количина на вода

Постои причина заради која се препорачува внес на течности кога сте болни. На вашето тело му се потребни многу течности за да ги исфрли токсините.



Препорачаната количина на вода која треба да ја внесувате на ден варира од личност до личност. Доволна количина на вода внесувате доколку вашата урина има светло жолта боја или е речиси проѕирна, без никаква миризба.

Се борите со прекумерна тежина

Сите знаеме дека прекумерната тежина е штетна за срцето, мозокот и за останатите органи. Но, треба да знаете и дека вишокот килограми го ослабува имунолошкиот систем. Оние кои се борат со тешки облици на грип или настинки често имаат индекс на телесна маса над 40, што според сите критериуми означува прекумерна тежина.



Истата предизвикува хормонален дисбаланс и воспаление кое ја намалува способноста на имунитетот да се одбрани од инфекции.

Внатрешноста на носот ви е сува

Течењето на носот е одбранбен механизам на телото со кој се победува грипот и настинките. Слузот во носот ги запира вирусите и го спречува нивното навлегување во телото. Доколку носните канали ви се суви, бактериите и вирусите полесно ќе влезат во респираторниот систем.



Ако сувоста ви е моментален проблем, решете ја со капки од морска вода. Но, во случај тоа да ви биде константен проблем, обратете се кај вашиот лекар за да ја откриете причината.

Под хроничен стрес сте

Хроничниот стрес е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Превисокото ниво на стрес во телото нема само да го зголеми ризикот од добивање на грип и настинки, туку ќе ги влоши и нивните симптоми.



Лицата кои се под хроничен стрес, често ги чувствуваат најтешките симптоми и потребно им е дури двојно подолго време за да се опорават.

Постојано сте настинати

Ова е знак дека имунитетот не ви функционира како што треба. Во просек, возрасниот човек во текот на сезоната настинува по 3 пати, што во просек трае 3 до 4 дена.



Доколку сте настинати почесто, тоа значи дека немате развиено никаков отпор. За да го подобрите имунитетот спијте повеќе, вежбајте, усвојте здрави прехранбени навики и почнете да консумирате храна која го зајакнува имунитетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби