Кои знаци ги испраќа телото кога имаме желба за одредена храна?

Човечкото тело е совршена машина која има свои начини да ни соопшти кога некои нејзини делови не функционираат како што треба. Често се мисли дека желбата за одредена храна е од психолошка потреба и тоа е вистина, но не секогаш. Кога телото ќе почувствува недостаток од одредени состојки, неопходни за негово функционирање, сигурно ќе ви прати сигнал.

Се што треба е да научите да препознате што е тоа што ви порачува телото. Неодстатокот на одредени состојки во организмот предизвикува желба за одредена храна.

Леб и тестенини – недостаток од кислород



Ако телото ви бара јаглени хидрати, тоа може да биде знак за недостаток од кислород. Без разлика на тоа што телото бара јаглени хидрати, вие изберете риба, месо или ореви. Така најздраво ќе ја задоволите потребата на организмот во тој момент.

Чоколадо – недостаток од магнезиум



Луѓето кои секојдневно имаат потреба од чоколадо и слични слатки работи, речиси секогаш патат од недостаток на магнезиум. Тој е неопходен за многу телесни функции – од регулација на крвниот притисок па се до работата на мускулите. Во стресни ситуации, телото чувствува потреба за овој хемиски елемент, кој најмногу го има во орасите и зелениот зеленчук. Во 100гр темно чоколадо се наоѓаат дури 176мг магнезиум, што е половина од препорачаната дозволена дневна доза. Ако веќе сакате да јадете чоколадо, одберете темно чоколадо.

Кафе – недостаток од сол, фосфор, железо или сулфур



Иако чест проблем е недостатокот од сол, намаленото количество сол во телото може да предизвикува задржување на течностите во организмот. Симптомите се чести главоболки, замор и раздравливост, а долготрајниот недостаток може да доведе до оштетување на срцето. Користете морска сол и јаболков оцет доколку се препознаете во овие симптоми.

Недостатокот од фосфор доведува до анемија, намален апетит и слабост во мускулите. За да го спречите ова јадете житарици, пилешко и говедско месо, риба, јајца и пивски квасец.

Паѓањето на косата, намалената енергија и забрзано срцебиење може да се поврзат со недостаток од железо. Избегнувајте месо, а почесто консумирајте блитва, цвекло и брокула. Истовремено внесувајте и витамин С, за полесно апсорбирање на железото.

Недостатокот од сулфур во органимзот ќе го забележите кога вашето тело ќе стане понеотпорно на воспаленија, а кожата ви станува потенка. За да го повратите потребното количество, внесувајте зелена салата, јајца, авокадо, лук, малини и бадеми.

Масна храна – недостаток од калциум



Сите знаеме дека калциумот е основен за здрави коски и заби, а неопходен е за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем. Млекото, јогуртот, сардината, лососот брокулата се одличен извор на калциум. Исто така се препорачуваат и ораси и ленено семе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби