Отстранете ја вкочанетоста на вратот за 60 секунди

На секој од нас му се случува од време на време да се разбуди со вкочанет и болен врат. Оваа честа појава може да биде многу непријатна, но проблемот можете да го решите самите на инстантен и едноставен начин, без интервенција на масер или физиотерапевт. За овој ефикасен трик потребни ви се само 60 секунди.



Прв чекор

Со пристите пронајдете го болното место на вратот, така што доколку истото се наоѓа на десната страна од вратот, користете ја десната рака и обратно.

Втор чекор

Со еден или повеќе прсти, во зависност од површината, притиснете го болното место. Болката мора да биде значајна, но да можете да ја издржите. Доколку местото не можете добро да го дофатите, наместо прстите употребете тениско топче или сличен реквизит.

Трет чекор

Главата полека движете ја спротивно од вкочанетата страна, добро истегнете и свртете ја дијагонално, како да сакате со брадата да ги добрете пазувите. Задржете ја положбата 10 секунди па опуштете се.

На овој начин постепено го опуштате вкочанетиот мускул со помош на притисокот. Оваа постапка повторете ја неколку пати по ред. Истата ќе ви ја намали непријатната болка во вратот, но доколку истата се повторува секако посетете специјалист за да ја дијагностицирате причината, како и да ви се одреди терапија за долгорочно отстранување на напнатоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби