Правилна хигиена и нега на вагината

Повеќето жени редовно се грижат за интимната хигиена, но не го прават тоа на правилен начин. Имено, последниве години сè повеќе жени користат производи наменети за интимна нега и се грижат дали е тоа доволно.



Експертите напоменуваат дека нивните пациенти сè почесто доаѓаат со прашањето дали треба да користат посебни спрејови или сапуни за интимна нега. Иако таквите производи постојат веќе подолго време, новите истражувања во Велика Британија покажуваат дека една четврина од жените постари од 16 години користат влажни марамици или сапуни наменети исклучиво за интимна хигиена.

Значи, не станува збор за здравствени производи кои отстрануваат одредени проблеми и здравствени потешкотии, туку за производи кои само „ветуваат свежина“. Експертите велат дека токму тие се потполно непотребни.

Според нив, рекламите и пакувањата на овие производи ги тераат жените да мислат дека мора да бидат супер чисти, бидејќи во спротивно ризикуваат да добијат разни инфекции. Реалноста е сосема спротивна.



- Матката е совршено балансиран еко систем, во кој бактериите имаат клучна улога за гинеколошкото здравје. Клетките на вагината содржат високо ниво на молекули на шеќер, наречен гликоген, кој ги уништуваат бактериите и создаваат млечна киселина, вели д-р Остин Угвумаду.

Млечната киселина, пак, е одговорна за одржување на правилна pH вредност (од 3,5 - 4,5) , потребна за матката да се одржува самата чиста и здрава. Најдобрата работа која можете да ја направите за вашата вагина е да не влијаете на нејзината pH вредност.

Истражувањата докажуваат дека жените кои користат миризливи сапуни, купки и специјални дезодоранси, се многу повеќе изложени на бактериски вагинози од другите, бидејќи тие производи ги отстрануваат и оние бактерии кои и’ се потребни на вагината и кои природно ја штитат.

- Дури и оние производи на кои пишува дека одржуваат совршена pH вредност, тоа не го прават со оглед на тоа што не навлегуваат во внатрешноста на вагината. Со милиони години овој дел од телото се чистел самиот, па сè додека редовно се миете и носите чиста облека, по можност да не биде синтетичка туку памучна, не би требало да се грижите, тврди д-р Угвумаду.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби