Киноа – најздрава од сите житарки

Киноата е древна јужноамериканска билка, која ја нарекуваат мајка на житарките. Уште пред 5000 години истата се одгледувала на подрачјето на Перу, Чиле и Аргентина, каде заедно со пченката, биле две основни прехранбени намирници во царството на Инките.



Иако киноата се смета за житарка, таа всушност е псевдожитарка, сродна на цвеклото и на спанаќот. Нејзините листови имаат вредност како зелениот листест зеленчук и можат да се јадат како, на пример, блитвата. Киноата содржи високо ниво на белковини и се смета за добар извор на есенцијални аминокиселини.

Аминокиселината лизин, која инаку не е вообичаена за житарките, овозможува раст и регенерација на ткивата. Омега 3 и омега 6 масните киселини можат да спречат срцеви заболувања и болести на крвните садови.

За антиоксидативните својства на оваа намирница заслужно е високото ниво на витамин Е, покрај минералите манган и бакар.

Магнезиумот и рибофлавинот (витамин Б2) помагаат во борба против мигрената. Покрај витаминот Б2, киноата содржи и голем дел од останатите Б витамини, а одличен извор е и на фосфор, калиум и цинк.



Не е препорачливо подолго време да ја држите покисната во вода бидејќи горчливата материја може да продре во внатрешноста на зрното. За време на варењето, соодносот на вода и киноа може да биде дури 5:1, бидејќи оваа житарка силно ја впива водата и го зголемува својот обем.

Богатство за здравјето

Киноата е исклучително богата со железо и задоволува голем дел од препорачаниот внес на овој минерал.

Оваа житарка е идеална за регулирање на варењето, бидејќи содржи многу нерастворливи влакна кои го подобруваат празнењето на цревата и штитат од болести на дебелото црево.

Растворливите влакна го намалуваат ризикот од појава на камен во жолчката, ги намалуваат триглицеридите и штитат од рак на дојките, желудникот и цревата. Со редовна консумација на интегралните житарки се намалува и ризикот од појава на дијабетес тип 2.



Не содржи глутен

Киноата  не содржи глутен и не предизвикува алергиски реакции, па заради тоа е погодна за исхрана и на оние кои патат од алергии, а може да се користи и за дохранување на доенчиња. Имено, за деца постари од 7 месеци, може да се направи каша од киноа.

Заради високопротеинскиот состав, киноата претставува здрава замена за месото и би требало да биде неизоставен дел од вегетаријанската исхрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби