Кељ како извор на здравје

Без никакво двоумење може да се каже дека кељот е една од најздравите намирници кои постојат. Во текот на минатите години кељот беше неоправдано занемарен, но тој треба сè почесто да се наоѓа на нашето мени.



Кога велиме неправедно занемарен, мислиме на тоа дека оваа намирница беше изоставена од списоците на најздрави намирници кои треба да ги консумираме. Сега, кога знаеме дека во кељот има повеќе витамин Ц отколку во иста количина портокал, како и тоа дека кељот изобилува и со витамините А и К, станува сè попопулатен во исхраната.

Доколку сè уште не сте го вовеле овој зеленчук во вашата исхрана, крајно време е да го наравите тоа. Еве зошто:

Го зајакнува имунитетот

Кељот е преполн со хранливи состојки кои го зајакнуваат имунитетот, но и помагаат во борба против бактерии и вируси. Исто така, многу е важен во исхраната на вегетаријанците, бидејќи содржи многу повеќе железо отколку, на пример, говедската шницла. Овој зеленчук претставува неверојатен извор на минерали кои му се неопходни на вашето тело.



Одличен за детоксикација

Со оглед на тоа дека е преполн со сулфур и хранливи влакна, кељот има голема улога во одржување на црниот дроб здрав, но и во детоксикација на целиот организам. Содржи и голема количина на витамин Ц, кој ја зголемува размената на материи и го хидратизира телото, а доведува и до намалување на нивото на шеќер во крвта и до намалување на тежината.

Го подобрува изгледот на кожата и косата

Консумирајќи ја оваа намирница, правите добро и за вашата кожа и коса. Благодарение на добриот баланс на омега 6 и омега 3 масни киселини, кељот му помага на телото да одржи добар баланс, да биде силно и здраво, а со самото тоа вие ќе имате посјајна коса, поздрави нокти и поубава кожа. За да го задржите убавиот изглед, мора да консумирате кељ барем еднаш неделно.



Голем извор на алфа-линоленска киселина која го чува мозокот

Вообичаено зеленчукот не е добар извор на масти, но тоа не значи и за кељот. Тој содржи неверојатна количина на алфа-линоленска киселина, вид на масна киселина која е значајна за здравје на мозокот. Покрај тоа, истата го намалува и ризикот од дијабетес тип 2 и прави чуда за здравјето на срцето.

Одличен за видот

Кељот е преполн со органските соединенија зеаксантин и каротеноид лутеин, кои се однесуваат како филтер кој се наоѓа во очилата за сонце. Консумирајќи го овој зеленчук ги чувате вашите очи и ги штитите од негативните ефекти на ултравиолетовите зраци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби