Од караница до настинка

Следниот пат кога ќе добиете навистина лоша настинка, размислите дали во последно време сте имале некоја караница или пак сте нервозни поради нешто.

Според German New Medicine воопшто не станува коинциденција доколку овие два фактора се спојат во исто време.

Научниците досега открија дека постојат две главни причини поради кои добиваме настинка. Првата е конфликт – активната фаза, а втората е процесот на оздравување. Повеќето од нив ја разгледуваат втората фаза каде што се вброени сите негативни симптоми како течењето на носот, треската и кашлицата.

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека во првата фаза телото реагира на конфликтот низ кој што поминуваме. Во овој случај може да станува збор за смрт на милениче, губење на работното место, караница со брачниот партнер или пак силен стрес предизвикан од нешто трето. Кога телото е под вакво влијание влегува во своевидна фаза на отпор и преживување. Колку подолго го имате конфликтот толку повеќе вашето тело се истоштува и потешко може да се врати во нормално функционирање.

Втората фаза на оздравување може да дојде на два начина и тоа: да го разрешите конфликтот со што ќе му дадете можност на телото да се врати во форма или пак да го игнорирате конфликтот и наполно да го истоштите телото доведувајќи го во ситуација кога ќе ве принуди да се одморите.

Вториот начин на справување со проблемот е далеку поопасен од првиот бидејќи ако не го разрешите она што ве мачи, постои можност циклусот да се повтори и да се манифестира многу посериозна болест од настинка.

Затоа е потребно да ги слушате сигналите кои ги испраќа вашето тело, да се грижите за себе си и на време да ги препознаете емоциите кои го вознемируваат вашиот организам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби