Ефтини намирници против грипот и настинките

Сезоната на вируси и настинки е во полн ек, па голема е веројатноста да завршиме со затнат нос и покачена температура. За да ги излечите непријатните симптоми, искористете го она што ни го има дадено природата и на вашето дневно мени вклучете ги овие 5 едноставни, но магични намирници.

Ѓумбир



Цената на свежиот ѓумбир секако не е ефтина, но со оглед на тоа што овој корен се консумира во многу мали количини, дневниот трошок воопшто нема да ве чини многу.

Оваа волшебна намирница има повеќекратно влијание врз нашето тело. Покрај тоа што е преполн со витамини кои го зајакнуваат имунитетот, ѓумбирот е одличен борец против мачнини, подуеност и запек. Исто така, неговиот прилично лут вкус помага во отпушување на носот и синусите.

Крекери



Обичните суви крекери, без никакви додадени зачини, се ваш сојузник за време на сезонските вируси. Тие се суви и лесно се варат, што придонесуваат вашиот желудник за се смири, а со тоа ги спречуваат мачнините и повраќањето. Сличен ефект има и двопекот. Комбинирајте ги со незасладен чај.

Чај



Благотворноста на топлиот чај е позната отсекогаш. Зелениот чај, кој можете да го пиете секој ден, одличен е антиоксиданс и борец против инфексии. Го зајакнува имунитетот, а во комбинација со лимон, ѓумбир и мед, на вашето тело ќе му го пружи сето она што му е потребно да се врати во нормална состојба.

Надразнетиот желудник ќе го смират нането и камилицата, а кашлицата ќе ја смират тегавецот и ловорот.

Супа



Ништо не лекува подобро од магичната пилешка супа. Таа ја содржи состојката цистеин, која го намалува нивото на слуз во дишните патишта и со тоа ја спречува кашлицата. Исто така, супата е лесна за варење, а ќе ја спречи и дехидрацијата и ќе ги смири симптомите на настинка.

Банани



Ова вкусно и слатко овошје е совршен сојузник на вашиот ослабен организам. Бананата е преполна со калиум, лесно се вари и нема да ви го надразни желудникот. Ова тропско овошје помага и за намалување на покачената температура, а исто така ги надоместува електролитите кои организмот ги губи заради зголеменото потење, дијареа или повраќање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби