Излечете ја настинката за еден ден

Статистиките велат дека вирусите го напаѓаат возрасниот човек три пати годишно во просек, како и дека болеста трае девет дена.



Сепак, настинката не мора да ве мачи со денови, доколку ги испробате овие совети штом ги почувствувате првите симптоми. На болката во грлото и телото, морниците и запушениот нос можете да им ставите крај за само еден ден.

Повеќе течности

Обичната вода, чај или природен сок, го ублажува гребењето на грлото и го отпушува носот. Покрај чаеви, се препорачува и пилешка супа, бидејќи одлично ги надополнува минералите и електролитите.



Плакнење на грлото

Растопете лажичка и пол сол во чаша со млака вода и направете гаргата. Со плакнење на грлото ќе го исчистите од бактерии и вируси. Покрај тоа, ќе го ублажите секретот кој ве тера на кашлање и болно воспаление.

Лесна гимнастика

Неколку лесни вежби ќе му помогнат на одбранбениот систем да се избори со настинката. Но, важно е да не го напрегате организот, а за време на физичката активност пулсот да не ви надмине 100 отчукувања во минута.

Хранлива вечера



Добро е познато дека сонот е лековит, а намирниците кои ги внесувате пред спиење може да го зголемат позитивниот ефект. Експертите препорачуваат месо кое не е масно, риба, грав, кафеав ориз, како и што повеќе свеж зеленчук, кој е богат со антиоксиданси.

Врел туш пред спиење

Непосредно пред одење во кревет истуширајте се со врела вода. Тоа ќе ви ги опушти мускулите и ќе ја смири треската, а врелата пареа ќе ви ги ослободи дишните органи и патишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби