10 одлични намирници за пред тренинг

Подготвени сте за вежбање, зголемување на мускулната маса и подобрување на кондицијата и издржливоста? Не брзајте!

Многумина од вас го прескокнуваат оброкот пред тренингот, заборавајќи дека е многу важно да му овозможите на телото правилна комбинација на протеини и јаглехидрати со цел да имате енергија за каков било вид на физичка активност.

Доколку не сте сигурни што да јадете, ви претставуваме 10 идеални намирници за оваа намена, кои ќе ве наполнат со гориво пред да се впуштите во акција.

Банани



Бананите се богати со брзо активирачки јаглехидрати кои ќе ви пружат енергија додека вежбате, а калиумот ќе ги одржи мускулите и нервите во добра функција. За екстра хранливост, додадете малку путер од кикирики или мед.

Овесни снегулки



Овие житарки се богати со хранливи влакна, кои го помагаат ослободувањето на јаглехидрати во крвотокот. Тоа ќе ви ја даде потребната енергија пред да започнете да вежбате. Во овесната каша можете да додадете и свежо овошје.

Кисело млеко



Киселото млеко содржи есенцијални протеини и јаглехидрати, а не е богато со шеќери и е лесно за варење. Сево ова го прави киселото млеко идеална намирница за консумација пред интензивен тренинг, кој бара напорна физичка работа. Додадете овошје, мед или малку овесни снегулки и подготвени сте за акција.

Кофеин



Докажано е дека кофеинот е од голема помош при вежбање бидејќи му помага на нашето тело да создаде повеќе енергија, го забавува заморувањето и го зголемува согорувањето на масните наслаги. Напијте се мала шолја кафе пред да отидете на тренинг, но не заборавајте и добро да се хидрирате со вода.

Овошен шејк



Популарните „smoothies“ од овошје се одличен оброк за пред вежбање. Тие се богати со високо-квалитетни протеини и се лесни за варење, овозможувајќи ви стабилно ослободување на енергија во текот на целиот тренинг за да се избегне „прегорувањето“.

Леб од цели житарки



Едно парче од специјален леб направен од цели житарки е одличен извор на јаглехидтрати, а можете да го искомбинирате со многу работи. Најпожелно е врз него да ставите малку мед или мармалад, за да имате повеќе енергија, или пак, со тврдоварени јајца, како богат извор на протеини.

Микс на јатки и сушено овошје



Овој миск е одличен кога немате време и мора да каснете нешто на брзина, а ќе ве наполни со многу енергија. Здравите шеќери од сушеното овошје овозможуваат брзо создавање на енергија, додека пак, јатките ќе ви овозможат да ја задржите енергијата и ќе го спречат заморот. Но, бидете умерени во консумацијата. Само мала количина ќе ја заврши целата работа. Јатките изобилуваат со здрави масти, што значи дека за нивното варење е потребно повеќе време, па доколку претерате ќе ви биде тешко и нема да можете да вежбате како што треба.

Моркови



Не заборавајте ги морковите! Тие содржат сложени јаглехидрати кои им даваат енергија на мускулите, додека пак калиумот ги контролира крвниот притисок и контракциите на мускулите.

Чоколадно млеко



Чоколадното млеко може да направи чуда за вашата физичка активност. Богато е со калциум кој го чува здравјето на коските, што го прави важна намирница за пред вежбање. Доколку се напиете од овој чудотворен напиток пред вежбање, не само што ќе имате поголема енергија, туку и ќе ја спречите загубата на калциум преку потењето.

Авокадо



Авокадото попрскано со малку свежо исцеден сок од лимон е одлична закуска за пред тренинг. Изобилието на здрави масти ќе ви пружаат не само долгорочна енергија која ќе ја трошите за време на целиот тренинг, туку и ќе ви го чува здравјето на очите, кожата и срцето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби