Прочистете ја кожата за 24 часа

Најдобри напитоци за прочистување на кожата

Убавата кожа е резултат на здравата исхрана, добрата хидратација на телото и соодветен козметички режим. За набрзина да го вратите сјајот на вашата кожа, послужете се со овие ефикасни напитоци кои можете да ги направите дома.



Обична вода

Во текот на денот и во рамномерни интервали испијте 8 чаши негазирана вода.

- Ништо не ја освежува кожата како водата. Таа ја одржува нејзината еластичност на оптимално ниво и така создава здрав изглед, појаснува дерматологот Рејчел Назариан од Schweiger Dermatology Group.

Шејк од кељ

Утрото започнете го со здрав шејк кој ќе ве освежи, хидратизира и ќе ве наполни со хранливи материи. Во блендер ставете 200 грама свежи листови од кељ, едно зелено јаболко, еден помал целер, една лажица сок од лимон и малку вода.

Соино млеко

Флавоноидите од сојата го одржуваат постојното ниво на колаген во кожата и така ја спречуваат појавата на брчки. Исто така, соиното млеко ги брише темните дамки на кожата кои се појавуваат од изложеност на сончевите зраци.



Зелен чај

Во текот на денот испијте 2 шолји зелен чај. Овој напиток е преполн со антиоксиданси, меѓу кои е полифенолот, кој ја штити кожата од штетното UV зрачење и ја намалува опасноста од изгореници. Покрај тоа, помага и во намалување на црвенилото на лицето и некои останати воспаленија.

Сок од шипки

Навечер испијте чаша природен сок од шипки, кои се плодови со висока содржина на витаминот Ц, а изобилуваат и со двојно повеќе антиоксиданси отколку зелениот чај. Сокот од шипки е одличен за зголемување на еластичноста на кожата и за подобрување на нејзиниот тонус.

Водена инфузија со свежа краставица

- Краставицата се состои 90 проценти од вода, заради што важи како одличен сојузник во хидратација на кожата. Покрај водата, краставицата е преполна и со минерали, како што се магнезиумот и калиумот, кои го одржуваат pН нивото нормално.

Затоа, добро е пред спиење да испиете една чаша вода во која сте изрендале половина свежа краставица и сок од половина лимон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби