Силни моќи на лукот кои не ги знаете

Лукот не залудно се нарекува моќен природен антибиотик, кој може да се користи секој ден. Поседува антивирусни и антибактериски својства, како и антигабични, го зајакнува имунолошкиот систем и на природен начин го зајакнува телото. Но, иако мислиме дека ги знаеме сите полезности на лукот, некои факти би можеле да ве изненадат.

Ви откриваме необични начини на кои лукот може да ви биде од голема корист.



Помага во борбата против атлетско стапало

Лукот има антигабични својства и помага во борбата против атлетското стапало, што претставува габична инфекција која може да ја добијат сите оние кои боси чекорат по пресоблекувалните, бањите и останатите простории со влажни подови.

За да се ослободите од овие габички, во леген со млака вода ставете неколку згмечени чешниња лук и потопете ги стапалата.

Друг метод е во памучни чорапи да ставите неколку згмечени чешниња лук, да ги облечете и да оставите да делуваат преку ноќ. Постапката повторувајте ја шест дена.

Природен лек против акни

Лукот има природни антибактериски својства и би можел да ви помогне и за отстранување на акните. Едноставно со пресечено чешне лук поминете преку акната. Немојте да го мачкате целото лице, туку само врвовите на акните. Постапката повторете ја неколку пати во текот на денот, а лукот ќе си ја одработи својата задача и акните би требало да почнат да исчезнуваат.



Исто така, можете да направите мешавина од иситнет лук и вода. Така подготвена мешавината нанесувајте ја со чисти прсти по лицето масирајќи го, а после неколку минути измијте се со топла вода. Лукот ќе ги отстрани бактериите од кожата. Освен со вода, лукот можете да го помешате со две лажици маслиново масло и една лажица мед.

Доколку за време на оваа постапка, во било кој момент почувствувате пецкање на лицето, веднаш измијте го со топла вода, а следниот пат подгответе ја антибактериската маска со помалку лук.

Ги зајакнува ноктите

Покрај бројните благотворни ефекти кои ги има за здравјето на организмот, лукот може да ја има и оваа козметичка намена. Доколку сакате да ги зајакнете кршливите нокти, ставете малку иситнет лук во проѕирен лак за нокти и оставете така да отстои седум дена. Потоа нанесете го лакот на ноктите, а како резултат вашите нокти би требало да бидат поцрвсти.



Помага за лечење на инфекции на ушите

Лукот може да го олесни воспалението на ушите, но неговата употреба е исклучително за надворешна употреба. Истражувањата докажале дека екстрактот од лук го спречува развојот на бактериите, вирусите и габите. Во борбата со болните уши би можело да ви помогне маслото од лук. Ставете малку од него на прстите и лесно масирајте околу ушите од надворешната страна.

Дезинфицира и чисти

Доколку сте поборник на природните средства за чистење, секако во оваа цел ќе ви се најде лукот.Здробените чешниња лук помешајте ги со оцет и сок од лимон и користете ја оваа мешавина како средство за дезинфекција во купатилото и кујната. Оцетот е одличен за отстранување на каменецот, додека лукот има дезинфекциско дејство, а лимонот ја ублажува миризбата.



Покрај ова, лукот може да служи и како природен пестицид со кој ќе ја заштитите вашата градина. Малите штетници не го сакаат лукот, па за да се ослободите од нив, можете да направите природен пестицид со лук, малку минерално масло, вода и течен сапун. Средството чувајте го далеку од дофат на деца.

Интересни податоци за лукот:

- Лукот морале да го јадат робовите кои ги граделе пирамидите, со цел да им се зголеми силата и издржливоста.

- Средства со лук се користеле и во војните за третирање на рани на бојното поле.

- Лукот има само 4 калории по чешне

- Кина е најголемиот произведувач на лук во светот

- Ширум светот постојат 300 различни видови на лук

- Стравот од лук се нарекува алиумфобија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби