Грешки кои ни ги бришат резултатите од вежбањето

Додека сите внимаваме да не правиме никакви грешки за време на изведувањето на вежбите, после вежбање не ретко ни се случува несвесно да правиме некои работи кои ги саботираат нашите напори да ослабеме и да имаме фит тело.

Многу тренери велат дека вистинскиот напредок се случува дури кога ќе излеземе од теретаната. Еве кои се најчестите грешки кои ги правиме после вежбање.



Забораваме да се истегнеме

После вежбање мускулите се напнати, а меѓу нив е и срцето, па истегнувањето никако не би смееле да го прескокнеме. Истото ќе ја попушти напнатоста во мускулите и ќе ја зголеми флексибилноста на телото. Истражувањата покажуваат дека истегнувањето после физичка активност ја редуцира болката во мускулите, која би можела да се појави наредниот ден.

Не му давате време на организмот да се олади

Со вежбање нашето тело го тера срцето побрзо да работи и потребна ни е поголема количина на кислород, како за срцето, така и за протокот на крв, бидејќи циркулацијата е зголемена. Затоа не е препорачливо веднаш после вежбање да легнете и да се одморите. Наместо веднаш да се „изгаснете“, смирете го темпото на вежбање, на пример продолжете уште некое време да пешачите на траката, за да ви се смири забрзаното отчукување на срцето. Доколку нагло престанете со вежбање, додека отчукувањето на срцето е најбрзо, а на телото му е потребна најголема количина на кислород и циркулацијата е со најсилна брзина, би можело да ви се сврти во главата.



Јадете погрешна храна после вежбање

Многумина веруваат дека после напорниот тренинг можат да си дозволат да изедат било што за да надоместат за изгубените калории. Но, само храната богата со протеини ќе им помогне на вашите мускули да се опорават и да се формираат на правилен начин.

Затоа она што го консумирате веднаш после вежбање би требало да содржи протеини во комбинација со јаглехидрати, како на пример јогурт помешан со јаткасти плодови и малку бобинки. Првиот оброк би требало да го темпирате 15 до 30 минути после тренингот и никако да не чекате повеќе од еден час.

Заборавате да го хидратизирате организмот

Многу е важно да надоместите за течности кои сте ги изгубиле за време на вежбањето. Доволната количина на течности ќе ја намали мускулната чувствителност, ќе ја зголеми флексибилноста и ќе ви даде сила.



Не спиете доволно

Уште една суштинска работа која често ја занемаруваме откако ќе нè поведе адреналинот од вежбањето е важноста на сонот. На телото потребни му се одмор и енергија за да може да ги изгради мускулите, па доколку не спиете доволно, тоа за телото има ефект како да го казнувате.

Пиете алкохол или газирани пијалаци

После тренингот најдобро е да пиете вода за да му ги овозможите на организмот потребните течности. Алкохолот, пак, предизвикува дехидрација и го забавува растот на мускулите. Но, имајте на ум дека ниту газираните пијалаци не се подобро решение. Кога телото доволно го хидратизирате со вода и го снабдувате со енергија дури потоа можете да се почастите со пијачка по желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби