Древна ефикасна терапија: Со притисок на прстите ќе постигнете чуда

Баланс на емоциите и лечење на органите

Џин Шин Јутсу е вид на древна јапонска терапија со допир која можете да ја направите самите, со цел да овозможите баланс на енергијата и емоциите преку стимулирање на меридијаните на дланките.



Имено, според принципите на оваа терапија, секој прст од раката е поврзан со различен орган и со неговите кореспондирачки емоции. Според цртежот во продолжение, откријте на кој прст ви е потребно да се задржите за да го постигнете балансот на целото тело.

Држете го прстот кој е поврзан со органот кој би сакале да го излечите или, пак, со емоциите кои би сакале да ги смирите. Доколку работите со сите прсти, ќе постигнете целосна хармонизација на телото.

- палец: стрес, грижа, напнатост
- показалец: страв, дигестија, грб
- среден прст: гнев, фрустрација, неодлучност, замор
- венчален прст: тага, жал, поврзување, дишење
- мал прст: премногу трудење и вложување, срце



ПАЛЕЦ

Органи: Стомак и слезинка

Емоции: Анксиозност, депресија и загриженост

Физички симптоми: Болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболки, нервози

ПОКАЗАЛЕЦ

Органи: Бубрези и мочен меур

Емоции: Фрустрации, страв и ментална збунетост

Физички симптоми: Нелагодност во пределот на надлактицата, лактите, зглобовите и мускулите, болки во грбот, болки во забите и непцата, зависности од било кој вид, проблеми со дигестијата

СРЕДЕН ПРСТ

Органи: Црн дроб и жолчка

Емоции: Неодлучност, бес, раздразливост

Физички симптоми: Проблеми со циркулацијата, менструални проблеми, проблеми со сетилото за вид, замор, мигрена, главоболки во фронталниот дел

ВЕНЧАЛЕН ПРСТ

Органи: Бели дробови и црева

Емоции: Негативност, тага, страв од одбивање, жал

Физички симптоми: Проблеми со дигестијата, ѕвонење во ушите, проблеми со дишните патишта – како астма, сериозни проблеми со кожата

МАЛ ПРСТ

Органи: Срце

Емоции: Несигурност, нервоза, осудување, ниска самодоверба

Физички симптоми: Крвен притисок, срцеви проблеми, болки во грлото, подуеност, проблеми со коските и со нервите

Упатство: Легнете во мирна просторија во која ништо нема да ви го одвлекува вниманието, изгаснете го светлото и опуштете се. Со едната дланка целосно опфатете го прстот на другата рака, чии наведени симптоми би сакале да ги намалите за да се доведете до баланс. Останете така околу 5 минути, а потоа доколку ви е потребно префрлете се на друг прст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби