Трикови со лицето кои ќе ве држат будни

Во одредени ситуации секој од нас се присилува да остане буден. Било да се работи за здодевен состанок рано наутро или за учење во доцните ноќни часови, понекогаш да се спречиме од заспивање ни изгледа како невозможна мисија, но никако не смееме да си го дозволиме тој „луксуз“ во такви услови.

Доколку ни втората шолја кафе не може да ви помогне, ние ви нудиме неколку едноставни трикови со притисок на одредени точки на лицето, кои ќе успеат да ве расонат.

Со оглед на тоа што лицето е лесно достапен дел од телото и се наоѓа најблиску до мозокот, со механика врз одредени нерви кои се наоѓаат таму можеме да го стимулираме централниот нервен систем. Пруцедурата никако не смее да ни биде болна, туку нашите движења мора да бидат нежни, но непрекинати.

Затегнете ги ушите



Фатете ја малата надворешна испакната ’рскавица која се наоѓа на половина пат помеѓу горната и долната точка на увото. Повлечете ги ’тие рскавици на двете уши кон напред, правејќи „мајмунска фаца“.

Ушите не содржат многу крвни садови и се поврзани со неколку нервни завршетоци. Овие органи се едни од првите сврзни точки кои ги поврзуваат нервните патишта на черепот со оние на лицето. Стимулацијата на овие нерви е најкраткиот пат за стимулирање на мозокот.

Притиснете ја ’рскавицата помеѓу двете ноздри



Исправете го показалецот и со него притиснете ја нагоре ’рскавицата која се наоѓа на средината на носот, помеѓу двете ноздри. Овој притисок би требало да биде малку непријатен, бидејќи нервните завршетоци кои се наоѓаат на оваа точка се прилично чувствителни, па затоа ова е одличен начин да го спречите вашето несакано потонување во сон. Неколку нежни притискања би требало да ја завршат работата.

Масирајте ги мускулите под јаболчниците



Поставете ги врвовите на прстите од двете страни на лицето над и под јаболчниците и масирајте го пределот на сврзно ткиво под испакнатиот дел. Таа коска се протега до задната страна на очите и ги заштитува синусите. Па така, нежното масирање и притискање нема само да ве расони, туку и ќе ви ја олесни главоболката предизвикана од синусите.

Притиснете ја хоризноталната линија на челото со палците

Линијата на носот и пределот околу очите се граници каде се соединуваат многу коски на черепот. Тие можат да бидат извор на голема количина на стрес заради недоволен сон или затнат нос.

Лесно ќе се ослободите од притисокот со тоа што ќе ги поставите палците на тој пресек на челото, на начин што тие ќе се допираат во средината. Само мало притискање со палците ќе биде доволно за да создаде ослободувачки ефект и прочистување на умот.

Моментален фејслифтинг

Поставете ги показалецот и средниот прст од двете дланки на јаболчниците на двете страни на лицето. Притиснете малку и повлечете ја кожата наназад, како да правите фејслифтинг. Задржете ја така кожата затегната наназад некое време.

Секоја од овие вежби бара мало експериментирање од ваша страна бидејќи нервниот центар е многу уникатен кај секој човек и мора тие точки да си ги лоцирате сами. Ќе знаете дека сте ја пронашле соодветната точка кога притисокот врз неа ќе ви биде благо непријатен. Доколку не го почувствувате, продолжете да ја барате вистинската точка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби