Кафето ги штити крвните садови

Личностите кои редовно пијат кафе имаат поздрави крвни садови, покажало истражувањето на јужно корејските научници, во кое се утврдило дека неколку шолји кафе дневно може да помогнат во спречувањето на стеснување на крвните садови, што е клучен фактор за развивање на срцеви болести.



Снимките на 25.000 учесници во ова истражување, кои биле на редовни систематски прегледи, покажале дека оние кои пијат кафе од три до пет пати на ден имаат помал ризик од срцеви болести. Некои истражувања до сега го поврзувале кафето со зголемен ризик за развивање на овие болести поради влијанието на холестерол во крвниот притисок, додека други сугерираа дека кафето го штити срцето. За сега, нема конечен одговор, но корејското истражување, воведува нови аргументи во оваа дилема.

Научниците ги споредиле снимките на коронарните артерии на кои со години се таложат дамки и на крај доаѓа до нивно стеснување. Ниеден учесник немал симптом на срцеви болести, но повеќе од 10% на снимките имале видливи наслаги на калциум.

Споредувајќи ги снимките со оние кои имале навика да пијат кафе, но земајќи ги во предвид и другите фактори кои би можеле да влијаат врз резултатите од ова истражување како што се пушењето, физичката активност и семејната историја на срцеви болести, научниците утврдиле дека кај оние кои пиеле неколку шолји кафе на ден имаат помала веројатност за појава на наслаги од калциум во коронарните артерии во однос на оние кои воопшто не пиеле кафе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби