Како да одгледувате ѓумбир дома

Коренот на ѓумбир се сади токму овој период – во февруари и март

Ѓумбирот е корен за чиј лековити својства во последно време постојано се зборува, а најголеми заслуги му се препишуваат за зајакнување на имунитетот и ефикасноста во борбата против разни инфекции.

Доколку сакате оваа магична намирница што почесто да ја воведете на вашето мени, истата можете да ја најдете во поголемите маркети. Но, ѓумбирот можете да го одгледувате и дома, па така ќе заштедите некој денар и постојано ќе имате свеж корен.

Во домашни услови ѓумбирот се одгледува добро. Важно е да знаете дека периодот на вегетација на оваа билка трае 8-10 месеци. Коренот на ѓумбир се сади токму овој период – во февруари и март.

Еве како да го одгледувате:

Пред садење, коренот треба да из’рти. За таа цел ставете го во слаб раствор на вода и хиперманган (преманганат на калиумот, кој се продава во аптека) и оставете го да отстои неколку часа.

Потоа ставете го во најлонска кеса и не го вадете сè додека не забележите дека из’ртил, како компир.

Потоа поделете го коренот на неколку дела, од кои секој мора да има барем по еден добро из’ртен дел.



Засадете ги тие деловите во плитки, но широки саксии наполнети со земја, хумус и песок во однос 1:1:1/2.

Првите израстоци треба да се појават за 1-2 месеци. Во добри услови, тие би можеле да достигнат висина и до еден метар.



На есен, кога израснатото растение изумира, извадете го коренот, исчистете го од земја и чувајте го на суво место. Еден дел од извадените корени можете да го користите за храна и за лечење, а другиот дел да го зачувате за следната сезона и да го засадите на ист начин.



Свежиот корен на ѓумбир чувајте ги на долната полица во фрижидерот околку 30 дена, а исушениот ѓумбир (во прав) може да се чува околу 4 месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби