Нутриционистка 12 дена јадела само банани - ова се резултатите

Jулија Тарбат, нутриционист и мотивационен тренер, одлучила за време на 12 дена да јаде само банани, со цел да го детоксицира целиот организам.



Како што вели таа, бананите сами по себе се многу квалитетно овошје, кое иако е калорично, содржи фруктоза, сахароза и глукоза, како и многу растителни влакна, а токму оваа комбинација прави да се чувствувате сити подолго време.

Прво што забележала било големото олеснување во стомакот и „тивкото“ варење.

- Имав чувство дека воопшто немам стомак, бидејќи цревата работеа толку мирно. Исто така, забележав дека сум многу поопуштена и не чувствував никаков стрес. Тоа чувство е прекрасно. Бев многу попозитивна и покреативна, вели Jулија.

Според неа, покрај бројните благодети, нејзината концентрација била многу подобра и имала поостар фокус.



- За прв пат во животот еден ден ми беше доволен да ги завршам сите мои обврски. Не бев напната и можев да се фокусирам на било која задача, открива Jулија, на која на овој експеримент и’ се придружил и нејзиниот сопруг Пол.

Овој брачен пар инаку се вегани, па оваа диета воопшто не им паднала тешка за спроведување. Тие имаат и своја фарма на која одгледуваат разни видови овошје и зеленчук, што им ја олеснува подготовката на секој оброк.

Пред промените на режимот на исхрана, Jулија патела од покачен шеќер во крвта, дигестивни проблеми, кандида, депресија и хормонален дисбаланс, а долга низа години не била во можност да стане мајка.

Откако ги направила овие радикални промени, нејзиното здравје значајно се подобрило, па конечно родила и дете.

Но, со ваквиот начин на исхрана не се согласуваат сите нутриционисти. Иако свежото овошје и зеленчук имаат помалку соли и се богати со витамини, минерали и хранливи влакна, од друга страна, пак, кога се консумираат свежи може да бидат и контрапродуктивни.



Понатаму, треба да се знае дека карфиолот, прокељот и брокулата ја нарушуваат работата на штитната жлезда, па оние кои имаат проблеми со неа не би требало да ги консумираат овие намирници. Исто така, луѓето кои консумираат само свежа храна се посклони кон недостаток на витамин Б12, железо, цинк и калциум, што води кон анемија, па затоа ваквиот начин на исхрана не им се препорачува на постарите лица, трудниците и децата.

Пред да се одлучите на радикални промени во начинот на исхрана, добро информирајте се и консултирајте се со вашиот лекар, а обратете се и кај нутриционист. Контролата на здравјето, исто така е неопходна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби