Задолжителни хигиенски правила за секоја вагина

Како што секоја жена се грижи за негата на лицето, еднакво треба да се внимава и на хигиената на своето интимно подрачје. Постојат неколку хигиенски правила кои мора да се почитуваат, а реалноста вели дека е многу возможно да не практикувате барем едно од нив.



Немојте да користите силни сапуни или средства за дезинфекција

Силните состојки во сапуните или средствата наменети за интимна хигиена ја нарушуваат pH вредноста и ги елиминираат добрите бактерии кои се наоѓаат на вашиот интимен предел, ве оставаат на милост и немилост на инфекциите. Затоа најдобро е да користите балансиран pH лосион, за добрите бактерии да останат неоштетени и да се спречи било каков облик на габична инфекција.

Интимното подрачје треба постојано да биде суво

Не само што треба да биде чисто, туку вашето подрачје мора да го одржувате постојано суво. После секоја посета на тоалетот или после секое туширање, добро избришете се со хартија или крпа, не оставајќи ниту една капка. Влагата на интимниот предел е идеална за развивање на разни инфекции.



Не носете премногу тесни гаќи

Повеќето парчиња облека и долен веш не дозволуваат голема циркулација на воздухот, заради што ова подрачје станува идеално тло за инфекции. Долната облека треба да ви биде 100 процентно памучна, а кога одите на спиење облечете широки пижами и дозволете му на тоа подрачје да дише.

Бришете се од напред кон назад

Запомнете го ова еднаш за секогаш, после нужда треба да се бришете од напред кон назад.



Редовно менувајте ги влошките

За време на менструацијата, влошките и тампоните мора да ги менувате редовно. Исто така, не се препорачува користење на влошки за секој ден (освен доколку не очекувате менструација) за апсорпција на исцедокот. Носете памучни гаќи и менувајте ги секој ден.

Пијте многу вода

Колку повеќе течности внесувате, толку полесно вашето тело ќе се ослободува од токсините.



Внимавајте на исхраната

Вашата исхрана има витална улога во осигурување на половото здравје. Пијте незасладен чај или сок од брусница, како и многу вода и јогурт, не само за да избегнете габична инфекција, туку и да помогнете за евентуално лечење на истата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби