Важно: Кои луѓе треба да го избегнуваат ѓумбирот?

Ѓумбирот доби особена популарност во последно време. За овој моќен корен и неговите благодети врз организмот се пишува постојано, а дури ви претставивме и упатство како истиот можете да го одгледувате дома.



Експертите тврдат дека овој „универзален“ лек делува превентивно за многу здравствени проблеми и нарушувања, вклучувајќи и заболувања од најтежок вид. Заради своите антисептички својства, ѓумбирот уште одамна се користи во медицински цели.

Но, овој лековит корен не е подеднакво погоден за сите. Еве кои групи на луѓе треба да го избегнуваат:

Трудници

Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои можат да доведат до предвремени контракции. Овој корен треба особено да се избегнува во последните недели од бременоста.

Луѓето кои се трудат да ја зголемат телесната тежина

Ѓумбирот е идеална намирница за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи го намалува апетитот и помага во елиминацијата на масти. Од друга страна, луѓето кои се премногу слаби и се обидуваат да ја накачат телесната маса треба да го избегнуваат овој корен, како и сите суплементи на база на истиот.



Луѓе со пореметување на крвта

Ѓумбирот е познат по тоа што ја забрзува циркулацијата, што е генерално добра работа, но не и за оние кои имаат пореметување на крвта, како што е хемофилијата. Во таков случај оваа билка може да ја влоши состојбата.

Луѓе кои пијат лекови за регулирање на притисокот или дијабетес

Доколку сте под терапија за овие здравствени проблеми, спаѓате во посебно ризична група кога е во прашање ѓумбирот, бидејќи оваа билка може да влијае врз начинот на тоа како лековите делуваат врз вашиот организам. Особено е ризично ѓумбирот да го комбинирате со антикоагуланти, бета-блокатори и лекови на база на инсулин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби