Краток тест открива колку сте всушност стари

Годините кои ги имаме нема да ни се совпаднат со биолошкиот часовник, доколку не одржуваме здрав живот и не се грижиме за нас. Според новите истражувања, просечната жена изгледа четири години постаро од датумот на раѓањето. Но, постојат многу методи за процена на биолошката старост. Ако сакате да ја одредете вашата биолошка старост, одговорете на следните прашања. Прашањата се индивидуални и ви даваат резултати само за она за кое се однесуваат.

Мускули

Застанете исправено, па подигнете ја едната нога и свиткајте ја во коленото. Рацете ставете ги на колковите или раширете ги и затворете ги очите. Бројте додека не изгубите рамнотежа. Ако сте издржале една минута, одземете 4 години од вашите реални. За нестабилна рамнотежа по 30 секунди одземете 2 години, а ако не сте издржале ни 5 секунди, додајте 3 години.

Пулс

Измерете го биењето на срцето, па брзо направете 30 чучњеви. Повторно измерете го пулсот и пресметајте ја разликата од првото мерење. Ако имате 20 години, пулсот се зголемува за 0-10 единица, на 30 години од 10 до 20 единици. Кај 40-годишните пулсот се зголемува за 20-30 единици, а по 50 години од 30-40 единици.



Вид

Проверете го видот со помош на линијар и весник. Ставете линијар веднаш под окото, односно потпрете го на јаболчната коска. Земете го весникот и полека оддалечувајте го додека буквите не ви станат матни. Измерете ја најблиската оддалеченост на која бистро ги гледате буквите. Ако тоа е помалку од 15см, биолошката старост се поклопува со годините. За оддалеченост од 16 до 30см додајте 1 година, а на секои додатни 30см додајте уште по 1 година.

Гимнастика

Застанете исправено, наведнете се напред и потрудете се со дланките да го допрете подот. Ако дланките целосно ви се на подот – биолошката возраст е 20-30 години, а ако само со прсти го допирате подот имате 40 години. Со 50 години не можете да допрете подолу од потколениците, а ако ги допирате само колената – биолошки имате 60 години.

Броење

Земете стоперка и од 100 бројте наназад по 7 бројки. Помладите од 40 години до бројот 2 би требало да стигнат за 20 секунди, а постарите од 40 до 60 години, за повеќе од 40 секунди. За резултатите побрзи од очекуваното време, одземете од своите години 2 години, а ако сте биле побавни додајте 2 години.



Кожен тест

Стиснете ја кожата над дланките колку можете поцврсто, држете ја така половина минута и пуштете ја. Земете стоперка и измерите за колку секунди кожата ќе се врати во нормала. Ако е помалку од секунда, одземе 3 години. Ако се потребни 2 секунди биолошката и хронолошката старост се исти, а ако се потребни 3 до 4 секунди додајте 1 година, за 5 до 10 секунди додајте 2, а за 11 до 30 секунди додајте 3 години.

Обем

Измерете го обемот на најширокиот дел на колковите и обемот на половината. Совршената мерка на струкот е 70% од обемот на колковите. Ако се добиле ваков резултат, одземете една година. За обем на струкот 80 до 90% од колковите, додајте 3 години. Ако обемот на струкот е еднаков или поголем од колковите додајте 5 години.

Бели дробови

Земете длабоко воздух и целиот воздух од белите дробови во еден здив издувајте го во балон и заврзете го. Со линијар измерете ја ширината на балонот. Ако сте издувале 0.5л воздух ширината на воздухот е од 7 до 9см, еден литар е од 10 до 11см, а од 12до 13см – 1.5л. Два до три литри воздух го шират балонот од 14 до 16 см, а 2 литра повеќе му додаваат на балонот уште 6 сантиметри. Ако вашиот резултат е помал од еден литар воздух, додајте 5 години, а ако е од 1 до 1.5л, додајте 3 години. За 2 до 3 литра додајте 1 година, за 4 до 5 литри одземете 3 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби