Вежба без движење која го затегнува секој мускул

Статичната склек положба е една од најпопуларните и најефективните вежби ширум светот. Некои велат дека истата е добра единствено за стомачните мускули, но таа е ефикасна и за целокупната мускулатура на телото.



Правете ја по пет минути на ден и самите ќе ги согледате резултатите. Можеби ви изгледа лесна за изведување, но да се задржите во статична склек положба подолго време воопшто не е пријатна задача. Со оглед на тоа што се активираат голем број на мускули, константното изведување на оваа вежба ќе резултира со силен грб, стегнат задник, оформени нозе и рамен стомак.

Како да ја изведувате статичната склек положба правилно и ефикасно?

Оваа вежба е статична, што значи дека не бара движење, па затоа многу е важно телото да го поставите во правилна позиција.

Потпрете се на лактите кои се свиткани под ахол од 90 степени, точно поставени под рамената, а вашето тело треба да формира права коса линија. Често грешиме со задникот, кој не треба да го држиме нагоре туку во права линија со останатиот дел од телото. Исто така, вратот треба да ви биде истегнат и главата да ви дојде во продолжение на рбетот. Обидете се да не ги спуштате колковите кон подот, а стомачните стегнете ги доволно цврсто за да не се превиткувате во половината.

Стапала

Стапалата држете ги составени. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко да воспоставите баланс, но нивната положба ќе придонесе да се зголеми притисокот на абдоминалните мускули.

Нозе

Нозете треба да ви бидат прави и стегнати, бидејќи во спротивно притисокот врз стомачните мускули ќе се намали.

Задник

Стегнете ги мускулите на задникот и не ги опуштајте до крајот на вежбата, бидејќи со нив се зголемува и активноста на мускулите на долното торзо.

Долен дел од грбот

Ова е најважниот момент. За правилна изведба на оваа вежба, долнот дел од грбот, односно половината, треба да ви биде колку што може поправ. Тоа значи дека не смеете да бидете превиткани или искривени. Замислете си дека со грбот се притискате до ѕид.

Стомак

Стегнете го силно, дури обидете се да го „пикнете“ под ребрата. За време на оваа вежба држете го стомакот во таква позиција, но немојте да го запирате дишењето.

Лакти

За да избегнете непотребен товар и притисок на рамениците, поставете ги лактите директно под зглобовите на рамениците.

Времетраење

Останете во оваа положба колку што можете подолго. За почеток, доволни ви се 10 секунди. Луѓето со различна физичка подготвеност ја изведуваат статичната склек положба од 10 секунди до 2 минути. После кратка пауза, изведете ја повторно. Пет повторувања ќе ви бидат доволни. Доколку сте почетник, не се трудете да го соборите рекордот, туку започнете полека, без да се форсирате.

Доколку сакате да вметнете и други варијанти на оваа ефикасна положба од кои дел вклучуваат и движење, обидете се со повторување на следните:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби