Како да слабеете со помош на кафето

Улогата на кафето во намерата за слабеење е честа тема на дискусија. Овој пијалак може да има и позитивни и негативни ефекти врз нашето здравје и телесна тежина, во зависност од тоа како го консумираме.

Доколку не можете да го преживеете денот без кафе, тогаш клучно е да научите како да ги извлечете од него позитивните работи со цел да го забрзате процесот на слабеење.



Умерена консумација

Ова е меѓу најважните правила доколку сакате кафето да го вклучите во вашиот план за слабеење. Прекумерната консумација на кафе може да води до зголемено ниво на стрес и несоница, што пак може да биде причина за прејадување. Задржете се само на една до две шолји на ден.

Заборавете на шеќерот

Ова е очигледна, но ефикасна техника доколку сакате да ја намалите тежината. Со додавање на шеќер или кремасти додатоци во кафето ќе направи калорична бомба од овој напиток.

Разните збогатени пијалаци на основа на кафе се забранети

Уште полошо од додавање на шеќер и крем се големите напитоци на база на кафе, збогатени со различни вкусови и додатоци, кои се мошне популарни во кафулињара. Овие пијалаци содржат голема количина на млеко, шеќер, сирупи и разни додатоци за вкус, а нивната калориска вредност може да изнесува колку еден цел оброк.



Кафе после вечера

Напијте се кафе после вечерата со цел да ја намалите понатамошната потреба за храна или десерт, кои не е паметно да ги консумирате во доцните часови. Токму потиснувањето на апетитот е едно од позитивните дејства на кафето.

Кафе пред вежбање

Кафето консумирано еден час пред тренингот ќе ја зголеми вашата енергија, резултирајќи во поголем фокус и поголема активност при изведувањето на вежбите, како и поголемо согорување на калории.

Задолжително вода со кафето

Кафето делува како диуретик, што значи дека ќе предизвика губење на течности од вашето тело. За да останете хидратизирани, за секоја шолја кафе што ќе ја испиете, испијте уште по минимум една чаша вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби