Кефир за здрав и долговечен живот

Кефирот како млечен напиток доби поголема популарност во последно време, па истиот можеме да го најдеме во фрижидерите на речси сите маркети.

Но, знаете ли што точно претставува кефирот?



Кефирот е габа со потекло од Кафказ, а веќе со векови се подготвува како здрав напиток кој ветува долговечен и здрав живот. Неговата тајна строго се чувала од локалните жители, а дури на крајот на 20-от век успеал да се прошири во останатите краеви на светот.

Кефирот кој го знаеме е во форма на течен млечен напиток со киселкасти и освежителен вкус, кој се добива со симбиоза на габи и корисни бактерии. Со своето дејство, тие габи и бактерии остваруваат многу погодни својства на млекото во кое се развиваат.

Бројни и значајни бенефиции за здравјето

Досегашните искуства и истражувања покажуваат дека кефирот исклучително поволно влијае врз целокупното здравје, како и дека е лек кој помага при многу тегоби.

Имено, кефирот многу долго се користи како ефикасен лек за зајакнување на имунитетот, регулација на холестеролот и детоксикација на организмот. Исто така, напитокот збогатен со оваа габа успешно го регулира крвниот притисок, ги отстранува болките во желудникот, го смирува чирот на желудник и го олеснува варењето на храната. Ефикасен е и во случај на заболен, односно замастен црн дроб и цироза. Кефирот се користи и во случај на болести на бубрезите и жолчката, бидејќи делува како природен антибиотик, а добар е и кај респираторните болести.


Габа кефир

Кефирот не ретко се користи за справување со несоницата, стресот и анксиозноста. Добар е против слабокрвност и лоша циркулација. Исто така, доколку се борите против кандида и други габички или бактерии, лекарот ќе ви препорача употреба на кефирот.

Бидејќи пролетните алергии се во ек, добро е да се спомене дека овој напиток ќе ви помогне да ги намалите нивните симптоми.

Консумацијата на оваа габа е повеќе од препорачлива, бидејќи истата го забавува развојот на малигни заболувања.

Иако ова не се буквално сите предноси на кефирот, веруваме дека се доволни за да сфатите дека треба да се упатите до локалната продавница и да го набавите.

Кефир диета

За оние кои се борат со вишокот килограми, ова е причина плус за секојдневна консумација на кефирот. Истиот содржи низок процент на јаглехидрати и е многу делотворен при слабеење.



Кефир диетата се базира на дневен внес од 1 до 1,5 литри напиток, со еден килограм јаболки и се држи 7 дена. Оброците рамномерно се распоредуваат и се консумираат 5 до 6 пати во текот на денот. Ова е само една варијанта на диетата за слабеење со кефир, при која се симнуваат 5 килограми за една недела.

Можни нуспојави при консумација на кефирот

На самиот почеток на терапијата со габата кефор, консумацијата може да предизвика благи проблеми, како што се дијареа и гасови. Но, не грижете се бидејќи во прашање е само адаптација на дигестивниот систем на новонастанатата ситуација и најчесто тегобите не траат долго. Со овој напиток тврдата столица многу лесно се регулира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби