Ефикасен домашен напиток против пролетните алергии

Пролетните алергии се честа и непријатна појава, која за жал ретко може да се излечи на природен начин, но нивното ублажување сепак е возможно. Тоа мошне ефикасно ќе го постигнете со следниот напиток против алергии, кој лесно можете да го направите во домашни услови.



Потребни состојки:

  • 1 морков со средна големина
  • 2 големи портокали
  • половина краставица
  • 5-10 ливчиња нане
  • 20 гр свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Измијте го и излупете го овошјето. Исечкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер, а листовите нане додадете ги на крајот. Вклучете го блендерот и добро измешајте ги сите состојки.

Портокалите ќе го заштитат вашиот имунолошки систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц. Нането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој по правило најмногу страда кога ќе пристигне пролетта. Ѓумбирот, пак, ги намалува главоболките кои може да настанат како резултат на честото кивање, а покрај тоа е и моќен антиоксиданс.

Доволната доза на овој напиотк е една чаша на ден, која треба да ја испиете наутро, на празен желудник.

Овој лековит напиток ќе го зајакне вашиот имунитет, па затоа топло им се препорачува и на оние кои не патат од алергии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби