Најдобрата заштита од грип

Сезонските вируси можат да бидат навистина сериозни, дури и смртоносни за почувствителните групи на луѓе. Од грипот може да настанат сериозни компликации и затоа од него треба се заштитиме со зајакнување на имунитетот, а вакцините силно им се препорачуваат на постарите лица, на кои имунитетот им слабее со годините.



Доколку успешно го држиме имунолошкиот систем силен, дури и да се случи да се инфицираме со вирусот на грипот, симптомите ќе биде поблаги, боледувањето ќе трае значајно пократко, а можноста за компликации ќе биде помала. Тоа се постигнува со здрава исхрана богата со што повеќе свежо овошје и зеленчук, но и внесување на минерали (цинк и бакар), како и витамини Ц, Е и Б.

Лекарите тврдат дека кога станува збор за грип, најголемата грешка што ја прават луѓето е тоа што боледуваат на нозе. За успешно лекување и целосно закрепнување, би требало да одлежите седум дена. Во спротивно, состојбата лесно може да се искомплицира, болеста да се пролонгира и на организмот кој е веќе ослабен од вирусот, да му се накачи и бактериска инфекција.



После прележаниот грип, опоравувањето трае уште една недела, бидејќи после високата температура, болките во мускулите и главата, организмот е исцрпен, а имунитетот е ослабен бидејќи ја исцрпил сета сила за да се избори со вирусите. Исхраната и одморот имаат најважна улога во закрепнувањето, а доколку се придржувате до следните совети, телото брзо после грипот повторно ќе се врати во форма.

Исхрана

На вашето мени би требало да се најдат повеќе јаглени хидрати кои се основен извор на енергија за организмот, мозокот и мускулите. Сложените јаглени хидрати се наоѓаат во лебот, тестенините и оризот, а простите во овошјето, медот, слатките и белиот шеќер. На телото потребни му се и протеини, кои служат за обновување на мускулната маса и за процесот на обнова на ткивата, а се наоѓаат во месото, рибата, јајцата, млекото и млечните производи.

Мастите се исто така неопходни, особено оние од растително потекло, бидејќи се богати со антиоксиданси. Ги има во билното масло и во рибата. Минералните соли и витамините се корисни за зајакнување на одбранбениот систем на организмот, а се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, мешунките и во житарките.

Против замор

За да се изборите против вообичаеното утринско чувство на исцрпеност, заменете го шеќерот со мед, а за поттикнување на апетитот најдобро решение е да го распоредите дневниот внес на храна во повеќе помали оброци. Покрај тоа, многу е важно да пиете најмалку два литри течност на ден бидејќи на тој начин во организмот се внесува потребната количина на минерални соли и се надоместува за течноста која сме ја изгубиле заради покачената температура.

Масажа

Можете сами да масирате одредени клучни точки на телото:

- масирајте ја точката од внатрешната страна на раката каде што се превиткува лактот за да ја смирите кашлицата;

- тријте го делот помеѓу палецот и показалецот на дланката против чувство на тежина во главата;

- надворешните странични делови на колената масирајте ги против замор и недостаток на апетит;

- масажата на мекиот средишен дел на стапалата ќе ви помогне доколку чувствувате болки во коските и мускулите.



Мирување и пиење течности

Доколку чувствувате дека ве обзема грипот или настинката, избегнувајте го непотребното напрегнување и мирувајте колку што можете повеќе. Добро завиткајте се со ќебе и спијте седум до осум часа на ден. Денвно пијте три до четири чаши свежо исцеден сок од цитруси за рехидратација на организмот.

Витамин Б за децата

На децата потребна им е поголема помош за опоравување од грипот за разлика од возрасните, бидејќи нивниот одбранбен систем не е развиен во потполност. Ист е случајот и со постарите лица чиј имунитет со годините станува сè послаб. Во двата случаи најдобар лек за опоравување се мирувањето и внесување на голема количина витамин Ц. За повторно враќање на силата и враќање на апетитот, најмладите би требало да ги земаат и сите витамини од групата Б.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби