Како да го симнете?

Вишок стомаче после породувањето

Жените кои се имаат штотуку породено, се соочуваат со видливи промени на телото и имаат потешкотии да си ја вратат првобитната форма. Тоа е речиси невозможно, најмногу заради стриите кои се појавуваат од растегнувањето на кожата, како и темната линија која знае да се појави под стомакот. Но, она што најмногу им пречи на жените е салото на стомакот кое останува откако бебето ќе се роди.

Треба да имате на ум дека постпородилното стомаче е невозможно да исчезне инстантно после породувањето, туку за тоа е потребно некое време. Затоа, потребно е да имате трпение додека да ги забележите првите резултати.



Еве неколку совети како побрзо да се ослободите од вишокот сало:

Доење

Сите мајки кои имале вакво искуство ќе ви кажат дека доењето помага да ги симнете килограмите кои сте ги накачиле за време на бременоста. Ова е и научно докажано, а се должи на фактот што за да се произведе млекото треба да се согорат многу калории. Ова значи дека мајките кои ги дојат своите новороденчиња побрзо слабеат за разлика од другите.

Вежбање

Ова е уште еден совет кој ќе ви помогне. Вежбањето ќе ви помогне да му ја вратите првобитната форма на телото. Но, пред да почнете осигурајте се дека телото ви е доволно подготвено и силно за да се справи со стресот и физичкиот напор кои ќе му ги нанесете со активноста. Тоа значи дека треба да бидат поминати најмалку неколку месеци од породувањето.

Исхрана

За да се ставите на режим со исхрана сиромашна со калории, почекајте да поминат два-три месеци, особено доколку доите. За да губиде по половина кило на недела, треба да намалите минимум 500 калории, а тоа можете да го постигнете со зголемување на физичката активност или со диета. Слабеењето на повеќе од половина килограм на недела не е добро бидејќи ќе ве прави да се чувствувате уморно и нерасположено. Секако избегнувајте ги строгите диети бидејќи ќе го осиромашите телото од нутриентите кои му се потребни на вашето бебе и кои треба да ги добие преку млекото.

Со комбинација на овие три фактори најефикасно ќе се ослободите од постпородилното сало на стомакот. Соодветниот режим на исхрана и продолжување на доењето ќе ви помогнат да постигнете повитка линија на телото за неколку месеци. Имајте во предвид дека за видливи резултати ќе биде потребно да помине одредено време, со оглед на сите промени кои му се случиле на телото за време на бременоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби