7 начини на кој зелениот чај ги лечи душата, телото и умот

Зелениот чај добива сè поголема популарност. Изграден е од неферментирани ливчиња, а е познат по неговото високоантиоксидативно својство, како и соединенијата катеини, кои одлично ги топат мастите. Алкалоидите пак, како што е кофеинот, имаат стимулирачки ефект.



Се бори против депресија

Зелениот чај значајно ја намалува депресијата и нивото на стрес. Неодамнешната студија објавена во Public Health Nutrition открила дека испитаниците кои консумирале повеќе од четири шолји зелен чај на ден, имале за 51 процент помала веројатност од појава на симптоми на депресија.

Топи килограми

Доколку се обидувате да ослабете, задолжително вклучете го зелениот чај во вашата исхрана. Кофеинот и стимулансите, како што е L-theanin-от, кој се наоѓа во зелениот чај, помага да се намали апетитот. На тој начин ќе го намалите внесот на калориите и ќе ја зголемите термогенезата, што придонесува за слабеењето. Зелениот чај е одлична замена за слатките напитоци.

Ги намалува подочниците

Кофеинот може да помогне при намалување на темните или отечени кругови околу очите. Изладете две искористени вреќички зелен чај и ставете ги врз очните капаци. Смирувачкото дејство ќе ги ублажи подочниците.



Здив

Никој не сака лош здив, а полифенолите од зелениот чај ќе го спречат создавањето на бактерии во усната шуплина кои предизвикуваат непријатна миризба во устата.

Холестерол

Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на зелен чај може да помогне во намалување на холестеролот и крвниот притисок, заради катехинот кој го содржи. Исто така, зелениот чај може да помогне во намалување на т.н. лош холестерол.

Настинка

Неколку соединенија кои се наоѓаат во зелениот чај играат клучна улога во тоа како вашиот имунолошки систем функционира. Чајот е природен лек против болката во грлото, а антиоксидансите кои ги содржи се одлични за целокупното здравје на организмот.

Изгореници од сонце

Зелениот чај штити од тегобите предизвикани од ултравиолетовите зраци, особено кога е во прашање рак на кожата. Катеинот во зелениот чај може да го спречи и воспалението кај изгорениците од сонце. Но, тоа не значи дека не треба да употребувате и креми со заштитен фактор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби