10 плодови кои личат на органите за кои се одлични

Сте се запрашале ли некогаш зошто одредени овошја и зеленчуци имаат специфична форма? Тоа е така бидејќи самата природата во себе крие благодети кои имаат лековито дејство врз нашиот организам.

Така, многу плодови од природата по својот изглед личат на човечките органи за кои се одлични. Затоа, за да го зачуваме здравјето и да се одбраниме од болестите кои нè напаѓаат, мора да обрнеме внимание на храната која ја внесуваме.

Цитрони за градите



Цитронот, портокалот и останатите цитрусни овошја наликуваат на млечните жлезди во дојките на жената, а помагаат да се излачи лимфата надвор од градите.

Цитронот содржи соединенија наречени лимоноиди, кои докажано го спречуваат развојот на рак во клетките на дојките.

Ореви за мозокот



Оревите изненадувачки многу наликуваат на човечкиот мозок, а се признати како еден од најмоќните видови на храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, имаат повеќе антиоксиданси, фолна киселина и витамин Е од било кој друг вид на јаткасто овошје.

Моркови за очите



Очигледно е дека пресекот на морковот личи на структурата на окото, заедно со зеницата и линиите кои се шират од неа. Бета каротенот, од кој морковот ја добива интензивната портокалова боја, помага да го зачуваме добриот вид и да се заштитиме од макуларна дегенерација, како и од појава на катаракта.

Целер за коските



Китката на целерот наликува на коска, па не е ни случаен фактот дека истиот претставува одлична храна за скелетот. Целерот содржи силикон, дел од она што им дава сила на коските. Инересен е податокот дека коските се составени од 23 % содиум, исто како и целерот.

Домати за срцето



Пресекот на доматот наликува на срцето повеќе од било кој друг плод, а тој изобилува со ликопен кој се нарекува храна за срцето и за крвта. Консумацијата на ликопен докажано го намалува ризикот од срцеви заболувања. Доматите исто така се одличен извор на витамин Ц, кој е клучен за добро здравје на срцето.

Печурки за ушите



Пресекот на шампињоните наликува на формата на ушната школка, а познато е дека печурките се одлични за овој орган. Тие се богат извор на витамин Д, кој е есенцијален за превенција на намален слух.

Авокадо за матката



Авокадото, кое има форма на матката на жената, ги балансира хормоните и делува како превентива на ракот на матката. Погодете што! За да се развие потполно бебето во стомакот на мајката, потребни се девет месеци, исто колку што му се потребни на авокадото за да се развие плодот.

Ѓумбир за желудникот



Изгледот на ѓумбирот многу наликува на желудникот, па токму и неговото дејство му помага на овој орган, односно ја олеснува дигестијата. Ѓумбирот со векови се користи како природен лек за стомакот, а неговата состојка наречена гингерол, од кој ѓумбирот го добива силниот вкус, го спречува гадењето и повраќањето.

Грозје за белите дробови



Гроздот наликува на алвеолите кои се наоѓаат во белите дробови, чија функција е да го пренесат кислородот од белите дробови во крвотокот. Исхраната богата со свежо грозје докажано го намалува ризикот за појава на рак на овие дишни органи. Семките, пак, на грозјето содржат соединение наречено проантоцијанидин, кој ги намалува симптомите на алергија кои поттикнуваат астма.

Сладок компир за панкреасот



Формата на слаткиот компир има неверојатна сличност со панкреасот, а докажано му помага на овој орган да ја извршува својата работа со тоа што го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Слаткиот компир исто така е богат со витамин Б6, кој го спречува развојот на рак на панкреасот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби