Намирници кои треба да ги исфрлите од фрижидерот

Паштети, виршли, соја, маргарин, енергетски пијалаци...

На овие нездрави намирници не им е место во вашиот фрижидер, а уште помалку во вашиот стомак. Нивното место е во корпата да отпадоци, бидејќи не само што не се здрави, туку истите и му штетат на организмот, пишува net.hr.

Во денешно време многу е важно внимателно да ги читаме декларациите на храната која ја купуваме и да водиме сметка за тоа што јадеме. Ви претставуваме список на намирници кои секако би требало да ги избегнувате, а уште помалку смеете да им ги давате на вашите деца.

Паштета



Паштетите спаѓаат во групата производи со најлош квалитет. За истите да се направат, воглавно се користи месо од најлоша категорија, бидејќи е најефтино. Околу 50 проценти од паштетата ја сочинува она што не е ни месо: вода, масти, кожа, внатрешни органи, изолати, скроб, сол и зачини.

Во нив има голема количина на сол, која не се чувствува толку на вкус, бидејќи се додава декстроза која го маскира солениот вкус. Во посебна категорија спаѓаат т.н. вегетаријански паштети од соја, печурки, домати или сл. Тие со полни со растителни масла и процентот на масти кај нив е поголем отколку кај обичните.

Маргарин



Маргаринот е хидрогенизирно билно масло, најчесто сончогледово или пченкарно. Процесот на хидрогенизација подразбира претворање на мастите од течни во цврсти, а во маргаринот по правило мора да се додадат и витамините А, Д и Е, како би се создал состав сличен на путерот.

Во процесот на производство на маргаринот настануваат транс мастите, за кои е докажано дека влијаат на зголемување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) и намалување на добриот (ХДЛ). Консумацијата на маргарин заради тоа е поврзана со поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Мајонез



Околу 75 проценти од мајонезот го сочинува сончогледовото масло. 100 грама мајонез содржи повеќе калории отколку 100 грама сланина, со тоа што од сланината ќе добиете малку протеини и значајна количина на витамини.

„Light“ верзиите на мајонезот содржат помалку масти, но и понатаму немаат никаква нутритивна вредност. Купечкиот мајонез на кој е наведено дека е направен со маслиново масло, има само 15 проценти маслиново масло, а остатокот сепак е сончогледово или пченкарно.

Топено сирење



Во топеното сирење има околу 50 проценти сирење, а останатото отпаѓа на вода, протеини, масти, разни адитиви и сол, која во топеното сирење ја има двојно повеќе отколку во обичното сирење.

Со процесот на топење се убиваат сите пробиотски и други добри бактерии кои имаат позитивно дејство врз нашиот дигестивен тракт. На кратко, топеното сирење е далеку покалорично, а помалку здраво од обичното.

Замена за чоколадо



Чоколадото е извонредна намирница, бидејќи содржи какао кое е полно со антиоксиданси. Антиоксидансите го забавуваат процесот на стареење на клетките и фитонутриентите, кои можат да го зголемат дотокот на крв во мозокот, ги штитат крвните садови, го поправаат расположението и ја подобруваат концентрацијата. Со закон е регулирано дека производите кои не содржат доволен процент на како, не можат да бидат декларирани како чоколадо, туку како како табли, шеќерни табли, замена за чоколадо и слично.

Во нив има повеќе шеќери, а наместо какао путер, најчесто се користат хидрогенизирани билни масти или палмово масло. Иако вистинското чоколадо содржи околу 50 проценти шеќер, заради високиот удел на масти истото не предизвикува брза инсулинска реакција во организмот.

За добро на организмот внесот на шеќери треба да се ограничи, а препораката е да се консумира чоколадо со голем процент на какао.

Енергетски напитоци



Енергетските напитоци содржат стимуланси, како што се кофеинот, тауринот и преку 10 проценти шеќери. Во овие производи има значајно повеќе кофеин отколку во кафето. Стимулансите го зголемуваат крвниот притисок, ја забрзуваат работата на срцето, влијаат на квалитетот на сонот и го дехидрираат организмот.

Нивната комбинација со алкохол е опасна, бидејќи енергетските пијалаци делуваат како стимуланс, а алкохолоѕ како депресант. Стимулативниот ефект на овие напитоци оневозможува проценка колку точно алкохол внесувате, а тоа потоа лошо влијае врз вашата состојба.

Производи од соја



Сојата содржи многу антинутриенти, како што е фитинската киселина, која оневозможува ефикасно искористување на минералите, како што се железо, цинк и магнезиум. Иако сојата е богата со протеини, таа содржи и инхибитор на метаболизмот на протеините. Доколку не се добро обработени, нашиот организам нема да успее во потполност да ги искористи соините протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби