Грешки кои ги правиме кога појадуваме

Без оглед на тоа каков е вашиот став за првиот оброк во денот, научно е докажано дека тој може да го подобри вашето здравје и позитивно да влијае на опсегот на вашата половина. Проблемот настанува кога бираме калориски бомби, односно намирници полни со шеќери и масти кои имаат спротивен ефект од саканиот.



Избегнуваме протеини

Кремастото кафе и колачи како мафините, се чест избор доколку првиот утрински оброк го јадеме на нога, надвор од нашиот дом. Станува збор за вкусна комбинација на која за жал и’ недостасува протеини. Истражувањата покажуваат дека појадокот базиран на протеини ја балансира количината на шеќер во крвта и ги намалува наглите напади на глад. Настојувајте да го започнете денот со две тврдо варени јајца и јаболко, или јогурт во кој сте додале чиа семе.

Претеруваме со соковите

Овошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но не е алтернатива за консумацијата на вода. За споредба, еден просечен портокал има околи 60 калории, додека чаша свежо цеден сок од истото овошје содржи речиси двојно повеќе калории. При тоа, на сокот му недостасуваат хранливите влакна, кои ги има во изобилие во овошјето.

Новата студија објавена во списанието Appetite покажала дека луѓето кои пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние кои тоа го прават повремено.



Јадеме погрешни масти

Познато е дека на телото му се потребни масти за да може нормално да функционира. Но, тоа не значи дека со нив треба да се претерува, а особено доколку станува збор за заситените масни киселини, како оние во путерот и сланината. Позната нутриционистка од Њујорк, Bonnie Taub-Dix, предложува правилна дистрибуција на масти, па така за појадок препорачува комбинација на здрави масти како јогурт или кисело млеко со малку сечкани ореви.

Додаваме вештачки засладувачи

Доколку одредена намирница нема калории, не значи дека нема негативни последици врз нашето тело. Студијата објавена во списанието Nature покажала дека вештачките засладувачи можат да ја нарушат рамнотежата на бактериите во желудникот, што резултира со зголемена потреба за фруктоза, за да се чувствуваме задоволни. Нутриционистот Брук Алперт од компанијата B Nutritious препорачува кафето да се пие без никакви засладувачи, но со додаток на зачин каков што е циметот, кој ја поттикнува работата на метаболизмот.

Предолго чекаме до појадокот

Доколку првиот оброк во денот го консумираме дури после неколку часа од будењето, односно дури кога ќе почне да ве „копа“ желудникот, поголеми се шансите дека ќе „претераме“ со консумација на храна и ќе завршиме со калориска бомба во рацете. Иако не постои строго дефинирано правило кога би требало да го консумираме првиот оброк во денот, треба да внимаваме да не се доведеме во ситуација телото да ни биде изгладнето.



Не внимаваме на големината на намирниците

Верувале или не, но големината на намирниците влијае и врз количината на храна која ја внесуваме во организмот. Една студија покажала дека луѓето внесуваат и до 80 калории повеќе по оброк кога косумираат житни снегулки во помала форма.

Јадеме преобилни оброци

Прескокнувањето на појадокот негативно влијае врз организмот како и консумацијата на преголеми оброци. Големите количини на храна го оптоваруваат телото, го забавуваат метаболизмот и ве заспиваат. Наместо тоа, треба да бирате оброци составени од балансиран размер на протеини и јаглехидрати, кои ќе ви дадат доволно енергија за успешно да го започнете денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби