Дали е ова најопасниот тренд кој моментално е популарен?

Од ден на ден сè повеќе млади жени посегнуваат по тесни корсети со цел да го доведат своето тело до витка линија. И покрај предупредувањата од лекарите дека носењето корсет може негативно да влијае врз здравјето на внатрешните органи, да ја оштети кожата и да го отежне дишењето, жените никако не се откажуваат.



- Сакам да имам облини како Ким Кардашијан, а истовремено да бидам и слаба. Не знам дали е тоа можно, но секако мислам дека трудот вреди. Од таа причина носам корсет 8 часа дневно. Исто така, вежбам клекнувања во теретана за задникот да ми биде поголем, изјавила Габриела Дит, една од девојките кои не се делат од корсетот.

Таа додава дека корсетот го носи и додека вежба бидејќи смета дека на тој начин побрзо ќе се поти и ќе го забрза процесот на слабеење, а некогаш го носела и додека спиела. Започнала да го носи од 16 години, а сега дури земала и потесен модел.



- Кога го носам корсетот, толку е затегнат, што ни храната не се симнува во желудникот како што треба, така да не чувствувам многу глад. Јадам многу помалку, некогаш само малку салата, но не се грижам за тоа. Сè што ме интересира се резултатите – мислам дека донекаде успеав да го изменам обликот на струкот. Верувам дека ако почнам да тренирам сега, моето тело во иднина, кога целосно ќе се оформам, ќе изгледа одлично. Кога објавувам по некоја фотографија од мојата половина на социјалните мрежи добивам многу позитивни реакции, па самодовербата прилично ми расте, додала Габриела.

Одделни припаднички на понежниот пол толку многу ги затегаат корсетите што не можат ниту да се свиткаат или да седнат кога ги носат, а често едвај земаат и воздух. За да бидат корсетите што е можно поефикасни, одредени модели се зацврстени со дебели жици.

Корсетите за сметаат за причина за анемија, згрутчување на крвта, несвестици, неплодност и проблеми со варењето, а оние кои ги практикуваат патат од hloroze, односно т.н „зелена болест“ која го добила името по бојата на тенот поради ослабената циркулација на лицето.



- Зголемениот притисок на абдоменот го намалува враќањето на крвта од нозете во абдоменот, што може да доведе до згрутчување на крвта во нозете. Поради големиот притисок на слабите точки на абдоменот, исто така можно е да дојде до хернија, состојба при која желудникот навлегува длабоко во градниот кош. Дополнителна опасност претставуваат и пролапс на матката и создавање на хемороиди, советува професорот хирург, Базил Амори.

Со него се согласува и Дијан Џејд, основач на Националниот центар за нарушување со исхраната.

- За мене овој нов тренд е еднаков на самоповредување. Тоа е начин на кој девојките се казнуваат себеси што немаат совршено тело. Жените ги отфрлиле корсетите и разните појаси уште во 60-тите години и мислам дека е лудило повторно да се враќаат тие работи во мода, смета Дијан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби