5 промени кои настануваат во телото кога не вежбате

Поминаа последните траги од зимата, но наместо сонцето да нè поттикнува на џогинг, повеќе нè примамуваат летните тераси на кафичите.

Но, имајте на ум дека паузирањето со вежбање и тоа како има негативен ефект дури и после само 2 недели. Ви претставуваме неколку работи кои му ги правите на телото доколку го прескокнете вежбањето одреден период.



Промените настануваат веќе после три дена

Мускулните влакна кои не се активираат само три дена, повеќе не го топат масното ткиво. Секако, нема за три дена да го изгубите добриот облик на нозете на кои сте толку горди, но вашите мускули побрзо ќе се заморуваат и нема толку ефикасно да ги трошат калориите и додека мирувате.

Ќе мора добро да се намачите за да надоместите за пропуштеното

За да надоместите за една недела без физичка активност, ќе ви бидат потребни две недели да изведувате интензивни вежби, а за две недели пауза потребни се четири недели напорно вежбање за да се надомести. Но, паузата од една недела може да биде и благотворна за одмарање на телото, се додека и понатаму внесувате многу протеини, а нездравата храна ја држите подалеку од себе.

Хамбургерите, чипсовите и чоколадите ќе ве опседнат

Исцрпувачките вежби многу добро влијаат врз расположението, енергијата и издржливоста. Кога нема да го добиете тоа од вежбањето, ќе го барате во храната богата со масти или шеќер. Доколку во одреден период не можете да вежбате од издржана причина, барем строго внимавајте што јадете и по секоја цена избегнувајте ги јаглехидратите.

Стресот ќе ве изеде

Вежбањето поттикнува отпуштање на ендорфин, хормон кој ни создава чувство на среќа и нè прави поотпорни на стрес. Доколку не вежбате, нема да имате никаква заштита од овој хормон. Дури и ако не сте вежбале само две недели, веднаш ќе станете нервозни и раздразливи.



Заборавате што е тоа мирен сон

Доколку не сте се истрошиле со физичка активност, стресот ќе ве држи будни во текот на ноќта и низ глава ќе ви се вртат вашите проблеми и нивните најлоши можни сценарија.

Сосема е во ред да одите чекор по чекор

Не грижете се, не е сè загубено после период на хибернација. За почеток, најважниот фактор кој ќе ве врати во здрава рутина е здравата околина. Започнете со едноставни вежби – клекнувања, склекови и стомачни вежби, како и малку џогинг, за да се вратите во форма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби