Што е уртикарија на кожата?

Уртикарија на кожата е алергиска реакција карактеризирана со појава на осип. Изгледот на осипот е идентичен со промените на кожата кои ги предизвикува копривата при контакт со кожата. Уртикаријата може да се јави во која била животна доба.



- Осипите се подигнати црвенкасти или бледи, мали или поголеми промени на кожата кои често се попратени со чешање, објаснува дерматологот Јелена Штефеков, па додава дека чешањето е последица на ослободувањето на медијаторите на воспалението, особено хистаминот.

Клетките кои ги ослободува хистаминот се нарекуваат мастоцити, а ги предизвикуваат алергените кои може да се најдат и во храната.

- Алергени се морските плодови, школки и риби, потоа кикириките, индиските ораси, конзервираната храна, јагодите, антибиотиците, но и што било друго што го внесуваме во организмот, советува д-р Јелена.

Имено, таа нагласува дека постојат видови на уртикарија кои се создаваат на надворешен притисок, ладно, топло, при вежбање и слично. Ако воспалението трае неколку дена зборуваме за акутна состојба, а ако продолжи повеќе недели за хронична уртикарија.



Симптоми на уртикарија

Осипот се јавува како мали округли или големи дамки кои може да го променат обликот. Обично предизвикува чешање, а поединечната дамка трае од 30 минути до 36 часа. По исчезнувањето на дамката, обично се појавуваат нови, испакнати, белкасти, кожни дамки во различна големина, поткожни отекувања, кои повеќе печат отколку што чешаат, во главно околу очите и устата, а поретко на рацете и стапалата.

Како се лекува?

Уртикаријата се лекува со лекови и задолжително избегнување на она што довело до неа и ако е можно, што побрза елиминација од организмот.

- Што е можно побрзо да се почне со антихистаминици, но и други лекови, во зависност од тежината на клиничката слика и симптомите. Секогаш, без разлика на причината, се препишува диета без белковини, бидејќи белковините може да ја влошат ситуацијата. Акутната уртикарија спаѓа во итна состојба, особено ако се јавуваат симптоми како недостаток на здив, грчеви во стомакот, отекување на јазикот и усните. Тогаш е потребно итно да се побара медицинска помош, заклучува д-р Јелена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби