Сончогледовото масло како чудо за кожата

Сончогледовото масло е многу потценета намирница, чие позитивно дејство се занемарува. Истото е богато со нутриенти и минерали кои прават чуда за кожата. Содржи и голема количина масни киселини и витамин Е. Кожата лесно го апсорбира сончогледовото масло, кое претставува одлична маска за време на топлите и влажни денови.



Еве ги неговите најголеми полезности за кожата:

Против стареење

Антиоксидансите во сончогледовото масло помагаат во отстранување на слободните радикали и го намалуваат оштетувањето на клетките на кожата. Неговото секојдневно нанесување ја одржува добрата еластичност на кожата и ги брише борчките. Нанесете го со нежно масирање на кожата за да ја поттикнете циркулацијата.

Хидратација

Витаминот Е помага во ревитализацијата на клетките на кожата. Нанесувањето на сончогледово масло на кожата ќе ја задржи влажноста на кожата и ќе ја нахрани со витамин Е. Може да додадете неколку капки сончогледово масло во хидратантната крема која ја користите секојдневно за да добиете подобар ефект.

Заштита

Нанесувањето на сончогледово масло на кожата создава слој кој ја заштитува од надворешни оштетувања, без разлика дали се хемиски или природни влијанија. Количеството на витамин Е во сончогледовото масло помага да се формира овој заштитен слој.



Антибактериско и антивоспалително дејство

Сите знаеме дека витаминот Е е одличен за кожата, помага да се отстрани нејзината грубост и црвенилата кои се јавуваат по површината. Сончогледовото масло е богато со овој витамин, како и со омега 3 масни киселини, кои имаат антивоспалителни и антибактериски својства.

Совети за користење

Кога нанесувате масло од сончоглед површински, следете ги овие едноставни совети за да ги максимизирате бенефициите:

  • Нанесувајте го маслото само на топла и влажна кожа! Најдобро е тоа да го направите после туширање или капење. На тој начин кожата ќе ги апсорбира нутриентите и витамините подлабоко во себе.
  • Сончогледовото масло лесно се впива во кожата на чувствителните предели на лицето, како оној околу очите. Неговото нанесување на тие предели ќе придонесе во намалување на брчките и измазнување на кожата.
  • Додадете неколку капки сончогледово масло во купката за капење. Тоа ќе ја нахрани кожата на телото и ќе ја направи мека и мазна.
  • Користете го сончогледовото масло како лубрикант при масажа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби