Опасни зарази со херпес и ХПВ од солариумите!

И покрај добро познатиот факт дека солариумот може да предизвика рак на кожата, голем број на луѓе и понатаму на овој начин го добиваат својот вештачки тен. За страшните оштетувања на кожата предизвикани од солариум веќе зборувавме. Но, доколку опасноста од рак не успева да ве одврати од одење на солариум, можеби опасноста од следниве зарази ќе успее.



Имено, дерматологот Даун Мари Дејвис, од клиниката Мајо, вели дека бактериите и вирусите може да преживеат во солариумот и покрај големата топлина.

- Сите на кожата имаме бактерии кои ги пренесуваме и на нашите кревети. Иако ги грееме со своето тело, тоа не е доволно да се убијат, а тие стануваат посилни и поотпорни. Доколку се потите, тоа само им придонесува на вирусите и бактериите повеќе да се размножуваат. Доколку имате било какво оштетување на кожата или исекотина, што не е реткост, многу е поголема веројатноста дека ќе се здобиете со инфекција за време на третманот со солариум, вели Дејвис.

Таа напоменува дека стафилококата, бактерија која може да предизвика инфекција на кожата, фекални бактерии, вирусот на херпес и полови брадавици кои доведуваат до заразување со ХПВ, можат да ја издржат топлината во солариумот и да преживеат.

Тие вируси и бактерии потоа може да се пренесат и на други личности кои имаат минијатурни оштетувања на кожата, за кои не се ни свесни.

- Ултравиолетовата светлина теоретски може да ги убие бактериите, но во солариумот истата не е доволно силна за да ги уништи, предупредува Дејвис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби