Дудинки – заборавен моќен лек на природата

Дудинките, кои некогаш биле многу присутни во нашите краеви, денес за жал се речиси заборавени. Слаткиот вкус на ова јагодесто овошје, потекнува од шеќерите фруктоза и глукоза, а од киселини содржи лимонска и јаболкова. Плодовите се богати со витамини и минерали, од кои најмногу треба да се истакне железото, како и растителна киселина и овошни шеќери. Железото го има двојно повеќе во црните отколку во белите дудинки.



Зрелите плодови се јадат, а можат да се користат за разни колачи, тартови, чаеви, како и за добивање на вино и ликер. Црните и црвените дудинки имаат најсилна арома. Треба да се знае дека незрелите плодови не се препорачуваат за јадење бидејќи може да содржат благи халуциногени својства. Дудинките созреваат летно време, кој крајот на јули и август.

Лошата страна на дудинките е тоа што дрвото содржи голема количина на полен, што може значајно да влијае на влошување на состојбата на луѓето кои патат од алергија на полен. Заради тоа, дудинките обично се одгледуваат надвор од градовите.

Дудинките со богати со фитонутриентот антоцијанин, растителен пигмент кој има сè поголема улога во исхраната против многу болести, како што е канцерот, разни невролошки заболувања, воспалителни процеси, дијабетес и бактериски инфекции.



Калориската вредност на ова богато овошје изнесува 43 kcal на 100 грама. Покрај антоцијанинот, дудинките содржат и многу други фитонутриенти кои се одлични за чување на здравјето. Ресвератролот е еден од нив, кој докажано го намалува ризикот од мозочен удар.

Содржината на витамин Ц е многу висока (36,4 мг/100 гр), што го прави ова овошје одличен антиоксиданс. Покрај тоа, дудинките содржат и помала количина на витамините А и Е, како и други оксиданси како што се лутеинот и зеа-ксантинот. Во нив се застапени и витаминот К и витамините од Б групата.

Како што веќе напоменавме, дудинките се богати со железо, што е редок случај кај бобинките. 100 грама дудинки содржат 1,85 мг железо, што изнесува 23% од препорачаниот дневен внес на овој минерал. Тоа значи дека ова овошје е одлично за производство на хемоглобин и црвени крвни зрнца. Покрај тоа, дудинките содржат и калиум, манган и магнезиум. Калиумот е многу важен минерал за контрола на работата на срцето и крвниот притисок.



Плодовите на дудинките, поркај антоцијанинот, кој ги врзува слободните радикали во организмот, помага и кај другите здравствени нарушувања. Така, свежиот сок од дудинки помага кај афти, асма, бронхитис, чиреви во устата, едема, епилепсија, грозница, главоболка, хипогликемија, хипертензија, кашлица, несоница, дијареа, настинки, слабост, воспаленија, затвор, како и при убоди од инсекти и змии.

Кората на стеблото на дрвото има антибактериски и антигабични својства, а особено е ефикасно против цревните паразити.

Листовите на дудинката помагаат кај настинки, грип, инфекции на очите и носот.

Чајот од листовите на дудинката помагаат кај дијабетес, а сирупот од црни дудинки може да се користи за искашлување, болести на дишните органи, за воспалено грло, но и како лаксатив.



Чај од листови на црна дудинка за дијабетес

Прелијте 50 грама листови од дудинка со половина литро вода што врие и оставете да отстои 10 часа. Потоа процедете и пијте го чајот во текот на денот.

Сируп од дудинки против температура, воспаленија и затвор

Еден килограм бобинки од црна дудинка ставете ги во половина литар вода и додадете 1 голема лажица јаболков оцет. Оставете да отстои 24 часа. Следниот ден помешајте ја смесата со килограм природен засладувач по ваша желба (мед, стевија, јаворов сируп) и варете ја сè додека не ја добиете саканата густина. Истурете го сирупот во стерилизирано стаклено шише и пијте го неколку пати на ден, разреден со вода.

Напомена!

Немојте да претерувате со консумацијата на плодовите на дудинката, бидејќи може да се јават благи хауцинации и дигестивни проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби