СОВЕТИ КОИ МОЖЕ ДА ВИ БИДАТ ОСОБЕНО КОРИСНИ НА ЛЕТУВАЊЕ

5 природни сопирачи на дијареата

Проблемите со дигестивниот систем, како што е меката столица, се случуваат ненадејно и се предизвикани од бактерии, вируси или пореметување на цревната микрофлора.

Доколку сакате оваа непријатна појава да ја запрете што побрзо, испробајте некој од домашните трикови кои се навистина ефикасни.

1. Грчко семе (уште се нарекува семе од пискавица или козји рог)

Грчкото семе, кое се користи како зачин или од него се прави чај, е еден од најдобрите природни борци против меката столица. Содржи голема количина на слуз кој ја штити слузницата и ја запира дијареата.



- Помешајте една лажичка грчко семе со две лажици пробиотик, изџвакајте и проголтајте.

2. Јаболков оцет

Оваа повеќенаменска намирница помага при слабеење, но и при балансирање на цревната микрофлора. Јаболковиот оцет е ефикасен борец против бактериите кои предизвикуваат дијареа.



- Во чаша вода додадете една лажица јаболков оцет. Оваа мешавина пијте ја два пати на ден.

3. Бел ориз

Заради лесната сварливост, обичниот, варен ориз од памтивек се користи во борбата против желудочните тегоби. Истиот не предизвикува никакви мачнини, ни иритации на желудникот при варење.



- Изедете рака варен, минимално посолен бел ориз. Кога повторно ќе почувствувате глад, изедете уште толку. Порциите мора да бидат мали.

4. Банани

Ова вкусно и слатко овошје ја „затвора“ меката столица и претставува идеален борец против дијареата. Содржи голема количина на пектин, кој е препорачлив при желудочни тегоби. Исто така, бананите во себе имаат многу калиум и електролити, кои телото ги губи со прекумерно исфрлање на течностите.



- Во текот на денот полека изедете една до две зрели банани.

5. Камилица и нане

Овие миризливи билки имаат антиспазмодично дејство кое го смирува желудникот и ги спречува грчевите и дигестивните проблеми. Делуваат противвоспалително и се одлични борци против подуеност и желудочни тегоби.



- Направете чај од една лажича камилица и една лажичка нане. Оставете да отстои 5-10 минути и незасладен пијте го бавно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби