„Утринска банана“ за одлична линија

Доколку не сте задоволни со вашата фигура и сакате да ја намалите телесната тежина, но не сте расположени да следите строги диети, ви претставуваме идеално и едноставно решение за вас. Оваа диета ја осмислил Хитоши Ватанабе, кој се занимавал со проучување на превентивна медицина и неговата сопруга Сумико, која е фармацевт.



Основниот постулат на оваа диета е дека појадокот кој се состои единствено од банана и обична вода на собна температура, може да допринесе за значајно намалување на килограмите без оглед на тоа што јадете во останатиот дел од денот.

Диетата е исклучително едноставна и лесна за следење, а многу Јапонци ја потврдиле нејзината ефикасност. Кај голем број од нејзините следбеници дошло до значајно намалување на килограмите за време на експериментирањето со оваа диета.

Одговорот зошто оваа диета толку добро функционира се наоѓа во фактот дека бананите го подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Друга можност лежи во видот на скроб кој бананите го поседуваат, а кој има понизок гликемичен индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглени хидрати во телото.



Не е сигурно зошто водата мора да биде на собна температура, но постојат повеќе теории од кои најзастапена е онаа дека водата на оваа температура го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.

Луѓето кои сакаат да ја практикуваат оваа диета советуваат вечерниот оброк да биде пред 8 часот навечер и да се избегнува консумација на слатки после вечерата. Во случај на глад поприфатливо е да изедете парче овошје или да се напиете чаша јогурт.

Последното правило на оваа диета е да си легнете пред полноќ. За ова правило речиси и не е потребно објаснување бидејќи научните студии покажале поврзаност помеѓу доцното легнување и прекумерната тежина.

Како забранети намирници се издвојуваат млечните производи и алкохолот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби