Што да правите кога ќе ви се закачи крлеж?

Со душа чекавме да дојдат овие топли денови, па сега сите сакаме да поминуваме време надвор колку што може повеќе и да ја истражуваме убавината на природата. Но, заедно со убавото време, се јавуваат и одредени опасности.



Убодот од крлеж може да биде опасен по здравјето на луѓето, но во повеќето случаи тоа не е така. Токму заради тоа нема причина за паника, но сепак треба да бидете свесни за потенцијалните опасности. Имено, кога ќе ве убоде крлеж, тој може да пренесе бактериска болест наречена борелиоза или лајмска болест. Во тој случај, две до три седмици по убодот се јавува црвенило во облик на прстен и тогаш треба да се обратите кај вашиот лекар.

Крлежите не се пребирливи кај убодите, туку бараат место за добар оброк, а луѓето им се прилично добар плен. Еве што да направите при убод од крлеж.



Како да го отстраните крлежот?

Забодениот крлеж претставува особен проблем бидејќи тие ги закопуваат нивните глави во вашата кожа и се држат многу цврсто. Доколку насилно го откорнете, неговата уста може да остане во кожата и да предизвика инфекција. Најдобро е со пинцета да го извлечете многу внимателно, вртејќи го во насока обратна од сказалките на часовникот. Доколку не успеете, можете да се обидете со горење на крлежот на неговата нежна страна – загрејте ја запалката и потоа со врвот од изгасната запалка внимателно допрете го крлежот на стомакот. Високата топлина би требало да го присили да попушти.

Доколку немате пинцета при рака, на газа ставете неколку капки петролеј, парафин, бензин или хируршки алкохол. И тоа би требало да го натера крлежот да попушти. Имајте на ум дека треба да бидете трпеливи, понекогаш можат да поминат и десетина минути за потфатот да успее. Исто така, бидете внимателни бидејќи споменатите работи се запалливи, па никако не смеете да ги комбинирате со оган.



Уште една опција е покривање на крлежот со капки восок или лак за нокти. Овие супстанци ќе ги затворат малите отвори за дишење кај крлежот и ќе го задушат.

Како да го исчистите местото на убодот?

Кога конечно ќе го отстраните крлежот, исчистете го местото на вашата кожа со сапун и со вода. Потоа ставете јод или некое друго антисептичко средство за да ја спречите можната инфекција.



Превенција

Бидете внимателни во оваа доба од годината бидејќи во месеците јуни и јули сезоната на крлежи го достигнува врвот. Но, во некои предели, тие се опасни од раната пролет, па сè до подоцната есен. Доколку поминувате доста време во природа, облечете се што е поприкладно. Со облеката покријте што повеќе кожа. Тоа значи дека доколку поминувате време во природа, најдобро е на себе да имате облечено долги пантолони, чорапи и долги ракави. Кога ќе дојдете дома, добро прегледајте го тлото, бидејќи одредени видови крлежи се многу ситни и многу тешко се забележуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби