четврток, 25.10.2007
IDIVIDI Мени
Насловна
Вести
Бизнис
Спорт
Стил
Забава
Здравје
Футурама
English
IDIVIDI Сервиси
Download
Кој е кој
Форум
Фото
Медиуми
Речник
Mobile
Games
188
e-mail
E-cards
Мали огласи
Broadcast
News групи
Биографија на Тоше Проески

Скопје, 16 октомври (МИА) - Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево. Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Life“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издава песната „За овој свет“.

Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“- верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“-верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“-верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“-хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ со неколку месеци се наоѓаат на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти овој месец на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Тоше загина утрово во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

ГАЛЕРИЈА




Оценка на статијата

Резултати
1 2 3 4 5
Вкупно гласови 4
Оценка 5

Сродни вести
Голем концерт во чест на Тоше
„Туарегот“ на Тоше се движел со брзина од 171км/ч
Андријана има право на тага
Смрт и реализација на поп-ѕвездата
Благодарност од семејството на Тоше до сите кои сочувствуваат со нив во тагата
Браќата Симон и ЈованТрпчески за Тоше
Комеморација по повод смртта на македонскиот пејач Тоше Проески во Загреб
Случајот со сообраќајната несреќа во која што загина Тоше Проески хрватските власти ќе го препуштат на македонското правосудство
Една сала од владиниот проект „35 спортски сали“ ќе го носи името на Тоше Проески
Тоше сине, врати се...
Мамо, како сега јас да му помогнам на Тоше?
Хрватската полиција покрена кривична пријава против возачот на Тоше Проески
Љиљана избркана од собата за тага
Триумф во прекрасна атмосфера и со натажени срца
Песна од Тони Цетински за Тоше
Министерот Милошоски се запиша во Книгата на жалост за Тоше Проески во Амбасадата на Македонија во Лондон
Телеграма со сочувство од Народниот правобранител Иџет Мемети до семејството Проески
Тадиќ изрази сочувство на семејството на Тоше Проески
Тоше Проески, постхумно именуван за Почесен амбасадор на Детската Амбасада за сите деца во светот
Иницијатива средното музичко училиште во Битола да се вика Тоше Проески
Комеморација по повод смртта на македонскиот пејач Тоше Проески во Загреб
Случајот со сообраќајната несреќа во која што загина Тоше Проески хрватските власти ќе го препуштат на македонското правосудство
Песна од Тони Цетински за Тоше
Љиљана избркана од собата за тага
Една сала од владиниот проект „35 спортски сали“ ќе го носи името на Тоше Проески
Ѓелиќ му изрази сочувство на Груевски за смртта на Тоше Проески
Хрватските почитувачи се простија од Тоше Проески
„Сити рекордс“ и телевизија Пинк: Ќе сториме се да се зачува споменот на Тоше Проески
Реакции во Србија за смртта на Тоше Проески
Реакции во Хрватска за смртта на Тоше Проески
Тадиќ изрази сочувство на семејството на Тоше Проески
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТнет WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи