Смрт и реализација на поп-ѕвездата
 (Катимерини)
Неговото име не им значи ништо на Грците, но светските медиуми известија за ненадејната смрт на 26 годишната поп-ѕвезда, која го турна Балканот во длабока тага.
Тоше Проески беше повеќе од популарен пејач во Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Тој беше народен херој, извор на гордост за граѓаните на ова млада балканска нација. И ова е делумно и поради тоа што Проески беше мошне популарен во сите други земји на поранешна Југославија. Меѓу првите кои се потпишаа во петте книги на жалоста на главниот плоштад во Скопје беа претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Тага за смртта на овој млад човек изразија, меѓу другите, и поглаварот на Православната црка во земјата, архиепископот Стефан, лидерите на сите парламентарни партии, амбасадорот на Европската комисија Ерван Фуере, американскиот амбасадор, претставници на музичкиот свет и други познати личности. Парламентот, по добивањето на веста, му одаде почит со едноминутно молчење и ги откажа сите активности предвидени за тој ден. Владата завчерашниот ден го прогласи за национален ден на жалоста.
Смртта на еден поп идол секогаш предизвикува екстремни реакции, особено кога таа доаѓа прерано. Во случајот на Проески, интезитетот на шокот што беше присутен во медиумските извештаи и начинот на кои тие се носеа со веста ја рефлектираше целата приказна. Младиот пејач и сега сеќавањето на него, ги претставуваше грижите, соништата и илузиите на целата нација. Фактот што смртта на пејач, кој беше високо почитуван, го натера претседателот брзо да реагира и да се запише во книгата на жалост кажува нешто. Да, држава млада како оваа, формирана во 1991 година, го заслужи правото да има 26 годишни херои и да жали по смртта на еден млад човек. Но дали тоа е се? Можеби оваа тажна приказна има нешто да ни каже на нас останатите кои никогаш не сме го слушнале Тоше Проески како пее.
ПЈРМ, откако го совлада предизвикот за опстанок под тешки услови, се обидува за стои на своите две нозе. Околностите не се идеални. Односите и се добри само со нејзиниот северен сосед Србија. Со Албанија, го има прашањето со албанското малцинство, а Бугарија ја обвинува земјата за дискриминација на етничките бугарски граѓани. Со Грција земјата се соочува со веќе познатиот спор со името. Целиот свет и се обраќа на ПЈРМ под нејзиното уставно име, додека грчкиот министер за надворешни работи прави се што може да ја убеди меѓународната заедница дека тоа име не треба да се користи во официјалните документи. Секако дека за ова можеби има причини, но ајде за момент да видиме што постигнавме: Ние отуѓивме една мала земја која е пријателски настроена кон Грција и наместо да ја претвориме во потенцијален сателит, ние ја претворивме во проблем. Ако и во овие околности имавме можност да станеме најголеми странски инвеститори во земјата, тогаш се уште има простор за прогрес. И кој знае? - можеби наследникот на Проески ќе пее и на грчки.
(Катимерини)
|