недела, 16.12.2007
IDIVIDI Мени
Насловна
Вести
Бизнис
Спорт
Стил
Забава
Здравје
Футурама
English
IDIVIDI Сервиси
Download
Кој е кој
Форум
Фото
Медиуми
Речник
Mobile
Games
188
e-mail
E-cards
Мали огласи
Broadcast
News групи
Провалена марката со Тоше

Македонска пошта утре во Крушево ќе ја промовира поштенската марка со ликот на Тоше Проески. Промотивната марка ќе биде со димензии од 1,8 на 2,4 метри, а на почетокот од промоцијата ќе биде прекриена со жолто платно на кое ќе биде испечатено логото на Поштата.

Но, изминативе неколку недели на Интернет можат да се најдат неколку различни изгледи на поштенска марка со ликот на Тоше. Од Македонска пошта одбиваат да откријат детали за марката, која треба да се печати во еден милион примероци. Според надлежните, нејзиниот изглед се држи во најголема тајност до утрешната промоција и сите поштенски марки кои можат да се сретнат на Интернет или се препраќаат по електронска пошта ни одблизу не наликуваат на конечната верзија.

"Вест" денеска објавува марка која неколку денови кружи меѓу фановите на Тоше, и за која се тврди дека е поштенската марка што утре треба да биде промовирана.

Фотографијата, која денеска ја објавуваме во "Вест", е на фотографот Дарко Мораитов, кому Тоше му позирал пред две години.

Од Македонска пошта вчера не ја потврдија оваа информација.

Промоцијата на поштенската марка почнува утре од 10.30 часот со посета на гробот на Тоше Проески, по што претставници на Македонска пошта ќе ги посетат неговите родители и ќе им ја подарат првата испечатена марка со ликот на Тоше. Свечената поворка ќе го посети и споменикот Илинден.

Точно напладне во Македониумот треба да почне официјалната промоција на марката. Од Македонска пошта најавија дека имаат подготвено материјал за животот и делото на Тоше Проески, што ќе се емитува непосредно пред откривањето на двометарската поштенска марка. Целата свеченост ќе биде проследена со песни на Тоше.

Музиката ќе прекине кога родителите на Тоше Проески, Домника и Никола, ќе влезат во Македониумот.

Академски музичар, облечен во униформа на поштар, на хорна ќе ја отсвири "Игри без граници" во траење од 1 минута.

На промоцијата ќе биде објавено каде и за кои цели ќе се користи марката, како и чие дело е фотографијата.


Оценка на статијата

Резултати
1 2 3 4 5
Вкупно гласови
Оценка

Сродни вести
Промовирана поштенската марка со ликот на Тоше
Постхумно промовиран албумот на Тоше на хрватски јазик
Лажни "последни снимки" од Тоше Проески
Нашата љубов беше чиста како солза
Реакција на ФЕЈС Македонија на однесувањето на новинарите во емисијата „Бисери“
Собрани повеќе од 100 илјади долари од последниот концерт на Тоше
Тоше заслужува почит од Црквата
Македонците не знаеја колку е голем Тоше
Во Крушево се одбележа 40 дневниот помен од смртта на Тоше Проевски
Четириесет дена од трагичната смрт на Тоше
Проектот „40 песни во спомен на Тоше“ нема да се реализира
Добиени списите за кривично гонење на Георгиевски
Тоше во нова гробница
Хрватска делегација во Крушево
Sвездите од ексЈУ ќе пеат за Тоше
Менаџерката на Тоше со адвокат ќе бара извинување од новинари
Холивудски филм за Тоше
Собир на Македонците во Лондон во спомен на Тоше Проески
Ни премиерот не може да и прости на Љиља
Девет дена лелеци за Тоше
Комеморација по повод смртта на македонскиот пејач Тоше Проески во Загреб
Случајот со сообраќајната несреќа во која што загина Тоше Проески хрватските власти ќе го препуштат на македонското правосудство
Собир на Македонците во Лондон во спомен на Тоше Проески
„Сити рекордс“ и телевизија Пинк: Ќе сториме се да се зачува споменот на Тоше Проески
На Љиља да и се простат 180.000 евра
Тоше немал сини картони
Ни премиерот не може да и прости на Љиља
Македонија избра навивачка химна
Деветдневен помен од загинувањето на Тоше Проески
Владата ќе формира работна група за заштита на ликот и делото на Тоше Проески
Реакции во Србија за смртта на Тоше Проески
Тадиќ изрази сочувство на семејството на Тоше Проески
Андријана има право на тага
Голем концерт во чест на Тоше
Девет дена лелеци за Тоше
Песна од Тони Цетински за Тоше
Љиљана избркана од собата за тага
Една сала од владиниот проект „35 спортски сали“ ќе го носи името на Тоше Проески
Ѓелиќ му изрази сочувство на Груевски за смртта на Тоше Проески
Хрватските почитувачи се простија од Тоше Проески
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТнет WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи