четврток, 27.12.2007
IDIVIDI Мени
Насловна
Вести
Бизнис
Спорт
Стил
Забава
Здравје
Футурама
English
IDIVIDI Сервиси
Download
Кој е кој
Форум
Фото
Медиуми
Речник
Mobile
Games
188
e-mail
E-cards
Мали огласи
Broadcast
News групи
На ТВ Ватикан репортажа за Тоше

Во специјалната божикна програма на телевизија Ватикан е прикажана посебна репортажа за духовната и хуманата посветеност на македонскиот поп пејач Тоше Проески.

Во 15-минутната приказна за Тоше и неговото верување во Бога се истакнува дека за својот краток век, тој со целото свое битие беше посветен на верата, црквата и хуманоста, неговите песни со текстовите и музиката беа молитви, информира граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“,

Тоше ги радуваше и сплотуваше луѓето без разлика на која нација, вера или генерација припаѓаат. Пееше на македонски, на мајчиниот влашки, на англиски, српски, хрватски, шпански, италијански, руски, француски и други јазици. Беше поп-ѕвезда, но пееше и изворна народна музика, а не ги достигна височините на светската оперска сцена за што ги имаше сите потенцијали.

Телевизија Ватикан пренесувајќи дека Тоше Проески за своја водилка во хуманоста ја сметаше блажената Мајка Тереза, со татковско влашко потекло, открива дека тој бил член на организацијата „Скопјанката Мајка Тереза“ и во нејзината спомен соба и светилиште во родниот Град Скопје во честите молитви пред нејзиниот портрет го пронаоѓал мирот во душата и инспирацијата во работата.

Во репортажата се пренесува чинот кога Проески на неговиот хуманитарен концерт на стадионот во Скопје ја прима последната награда во својот живот-токму статуата на Мајка Тереза и која и ја предава на својата мајка Домника, нагласувајќи дека добрината и хуманоста ги наследил од родителите.

Во телевизискиот запис се истакнува дека Тоше е личност на годината во Македонија и во Хрватска. Покрај манастирот што го градеше, до неговиот гроб во родниот град Крушево ќе биде подигната и црква во чест Тоше Проески.

Потенцирајќи дека Тоше го посетил Ватикан, телевизијата, која емитува програма на 40 јазици, објавува делови од настапите што во чест на Мајка Тереза ги имал во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје и инсерти и пораки од повеќето негови хуманитарни мисии.

Истакнувајќи дека Тоше е идол на младите и симбол за хуманоста, се пренесува идејата за негова световна канонизација во куќата на сестрите на Мајка Тереза во Ватикан.
{Х.Х}


Оценка на статијата

Резултати
1 2 3 4 5
Вкупно гласови
Оценка

Собир на Македонците во Лондон во спомен на Тоше Проески
На Љиља да и се простат 180.000 евра
Тоше немал сини картони
Ни премиерот не може да и прости на Љиља
Македонија избра навивачка химна
Деветдневен помен од загинувањето на Тоше Проески
Владата ќе формира работна група за заштита на ликот и делото на Тоше Проески
Андријана има право на тага
Голем концерт во чест на Тоше
Девет дена лелеци за Тоше
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТнет WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи