|
|
 |
Ќе се гради нов објект за спомен-куќа на Тоше
Крушево, 15 јануари (МИА) - На избраната локација на Гумење во Крушево ќе се гради нов објект кој ќе биде спомен-куќа на Тоше Проески, одлучи работната група на Министерството за култура. Меѓународниот конкурс е објавен во петокот и ќе трае до 10 март. Избраниот проект ќе биде награден со 200.000 денари, а ќе има и два откупа од по 30.000 денари.
Објектот на Гумење ќе се гради на државно земјиште, на површина од 700 метри квадратни, и ќе се наоѓа до музејот. Според одлуката на работната груба, ќе биде урнат постојниот објект, некогаш ресторан на претпријатието „Монтана“, кој Тоше пред две години сакал да го изнајми за да направи свое музичко студио.
- Работната група, составена од двајца архитекти и двајца членови на семејството на Тоше, процени дека на сегашната локација на Гумење до музејот во Крушево треба да се изгради нов објект. Избраниот, што беше ресторан, не одговара на прописите и мора да се гради одново за достојно да се избере соодветно решение за спомен-куќата на нашата трагично почината мегаѕвезда Тоше Проески, изјави за МИА Билјана Ќулавковска, раководител на работната група на Министерството за култура.
Таа додаде дека меѓународниот конкурс е испратен и во Службен весник на Република Македонија и е објавен во официјалниот весник на Европската унија, а денеска е испратен и до Асоцијацијата на архитекти на Македонија, откаде ќе биде пренесен до сите меѓународни асоцијации на архитектите.
Крушевското Одделение за урбанизам ќе работи на измени на Генералниот урбанистички план, со кои ќе биде опфатено и спомен-обележјето што треба да се подигне на вечното почивалиште на Тоше и за црквата до него, како желба на семејството.
|
|
Отпечати
|
Испрати по
e-mail
|
Коментари (9)
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТнет WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|